bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
1 Kings 13
1 Kings 13
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 14 →
1
И ете, според словото Господово, дојде еден Божји човек од Јудеја во Ветил во она време, кога Јеровоам стоеше пред жртвеникот за да прекади.
2
И произнесе кон жртвеникот слово Господово, велејќи: „Жртвенику, жртвенику! Вака вели Господ: ‚ете, во Давидовиот дом ќе се роди син по име Јошијаху; тој ќе ги принесе врз тебе во жртва идолските свештеници што кадат врз тебе, и ќе изгори врз тебе човечки коски.‘
3
И во оној ден тој покажа знак, велејќи: ‚А, еве, знак дека Господ го рекол тоа: овој жртвеник ќе се урне, и пепелта што е на него, ќе се развее.‘“
4
Кога царот Јеровоам го слушна словото на Божјиот човек, изговорено пред жртвеникот во Ветил, ја пружи раката од жртвеникот и рече: „Фатете го!“ Тогаш раката негова што ја беше пружил кон него, се здрви и не можеше да ја тргне кон себе.
5
И жртвеникот се урна, и пепелта од жртвеникот се развеа, според знакот, даден од Божјиот човек преку словото Господово.
6
И царот Јеровоам му рече на Божјиот човек: „Умилостиви го лицето на Господ, твојот Бог, и помоли се за мене, па да ми се поврати раката.“ Човекот Божји го умилостиви лицето Господово, и раката се поврати и стана како порано.
7
Тогаш царот му рече на Божјиот човек: „Дојди со мене дома да се поткрепиш; ќе ти дадам да јадеш, и ќе ти донесам подарок.“
8
Но Божјиот човек му одговори на царот: „Да ми дадеш и половина од домот свој, нема да дојдам со тебе, нема да јадам леб и нема да пијам вода во тоа место,
9
зашто така ми е заповедано преку словото Господово: ‚не јади таму леб, не пиј вода и не се враќај по патот, по кој си одел.‘“
10
И тој тргна по друг пат и не се врати по оној пат, по кој беше дошол во Ветил.
11
Во Ветил живееше еден пророк — старец. Синовите негови дојдоа и му раскажаа сѐ што беше направил оној ден Божјиот човек во Ветил; тие му ги раскажаа на татко си и зборовите што тој му ги беше кажал на царот.
12
И татко им ги праша: „По кој пат си отиде?“ А синовите му покажаа, по кој пат тргна Божјиот човек што дошол од Јудеја.
13
Тогаш тој им рече на синовите свои: „Оседлајте ми го магарето.“ Тие му го оседлаа магарето, и тој се качи на него.
14
И тргна по Божјиот човек, и го најде како седи под еден даб, и го праша: „Ти ли си Божјиот човек што дојде од Јудеја?“ Тој одговори: „Јас сум.“
15
Тогаш му рече: „Дојди кај мене дома и касни леб.“
16
Тој му одговори: „Не можам да се вратам со тебе и да дојдам кај тебе; нема да јадам леб и нема да пијам вода кај тебе во ова место,
17
зашто преку словото Господово ми е речено: ‚не јади леб и не пиј вода таму, и не се враќај по патот, по кој си одел.‘“
18
Тој му рече: „И јас сум таков пророк како тебе и ангелот ми говореше преку словото Господово и рече: ‚врати го во домот свој; нека касне леб и нека пие вода.‘“ Но тој го излага.
19
И оној се врати со него, касна леб во куќата негова и се напи вода.
20
Кога тие уште седеа на трпезата, дојде словото Господово кон пророкот што го беше вратил.
21
И тој изговори кон Божјиот човек што беше дошол од Јудеја и рече: „Вака вели Господ: ‚затоа што не се покори на устата Господова и не ја запази заповедта што ти ја беше дал Господ, Бог твој,
22
туку се врати, јадеше леб и пиеше вода на ова место, за кое Тој ти беше рекол — не јади леб и не пиј вода, телото твое нема да влезе во гробницата на татковците твои.‘“
23
Откако тој јадеше леб и се напи вода, тој го оседла магарето за пророкот што го беше вратил.
24
И тој си замина. На патот го сретна лав и го умртви. Телото му лежеше испружено на патот; магарето, пак, стоеше до него, а лавот стоеше до телото.
25
И ете, минувачите го видоа телото, испружено на патот, и лавот како стои до телото; и отидоа, та раскажаа во градот, во кој живееше пророкот — старец.
26
Откако го слушна тоа пророкот што го беше вратил од патот, рече: „Тоа е оној човек Божји што не ја послуша устата Господова; Господ го предаде на лав што го нападнал и го усмртил, според словото Господово што му беше кажано.“
27
И им рече на синовите свои: „Оседлајте ми го магарето.“ И го оседлаа.
28
Тој отиде и го најде телото негово испружено на патот; а магарето и лавот стоеја до телото; лавот не беше го изел телото и не беше го раскинал магарето.
29
Тогаш пророкот го крена телото на човекот Божји, го стави на магарето и го однесе назад. И пророкот — старец тргна кон својот град за да го оплаче и погребе.
30
И го положи телото негово во својата гробница и плачеше за него: „Леле, брату мој!“
31
Откако го погреба, тој им рече на своите синови: „Кога ќе умрам, погребете ме во гробницата, во која е погребан Божијот човек, до неговите коски положете ги моите коски,
32
зашто ќе се исполни словото што по заповед на Господ тој го кажа за жртвеникот во Ветил и за сите идолски светилишта во самарјанските градови.“
33
И по овој настан Јеровоам не се одврати од својот лош пат, туку продолжи да поставува идолски свештеници од народот; кого сакаше, него го посветуваше, и тој стануваше идолски свештеник.
34
Тоа го водеше Јеровоамовиот дом во грев, кон пропаст и кон истребувањето негово од лицето на земјата.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22