bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
1 Kings 7
1 Kings 7
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 8 →
1
Потоа Соломон изгради свој дом, а го градеше тринаесет години, и наполно го заврши.
2
Тој го изгради домот свој од леванонско дрво: долг сто лакти, широк педесет лакти, а висок триесет лакти, на четири реда кедрови столбови; и кедрови греди беа положени врз столбовите.
3
Подот беше послан со кедар врз греди на четириесет и пет столба, по петнаесет во ред.
4
Прозорски столбови имаше три реда; имаше и три реда прозорци, прозорец спроти прозорец.
5
Сите врати и соби беа четириаголни, прозорец спроти прозорец во три реда.
6
Тој направи и трем од столбови, педесет лакти долг, триесет лакти широк, и пред нив — трем, столбови, и праг пред нив.
7
Уште направи и трем со престол, од кој тој судеше, трем за судилиште, и сите подови ги покри со кедар.
8
Во домот, каде што живееше, имаше друг двор зад тремот, исто така изграден. И во домот на фараоновата ќерка, која Соломон ја беше зел, направи исто така трем.
9
Сето тоа беше направено од скапи камења — делкани според размер, изрежани со трион однатре и однадвор, — од основата до покривот, и однадвор до големиот двор.
10
Во основата беа положени скапи камења, камења големи, камења од десет лакти;
11
и одозгора скапи камења, делкани според размер, и кедар.
12
Големиот двор беше ограден наоколу со три реда делкани камења и со еден ред кедрови греди; исто како и внатрешниот двор на храмот Господов и храмовиот трем.
13
Цар Соломон испрати да го доведат од Тир Хирам,
14
син на една вдовица од Нефталимовото племе. Татко му тирјанин, беше бронзоливец; тој беше способен и искусен, а умееше да прави секакви предмети од бронза. И тој дојде кај цар Соломон и му правеше секакви работи:
15
тој изли два бронзени столба, секој висок по осумнаесет лакти, и врвот од дванаесет лакти го опфаќаше пречникот на едниот и на другиот столб;
16
тој направи и два капитела, излеани од бронза за да ги стави врз столбовите; пет лакти висок едниот капител и пет лакти висок вториот капител;
17
направи мрежи плетени и врвови како вериги за капителите што беа врз столбовите: седум за едниот капител и седум за другиот капител.
18
Така ги направи тој столбовите и два реда калинки околу мрежата за да ги покрие капителите што се кај столбовите, истото го направи и за другиот капител.
19
А во тремот капителите на столбовите беа направени слично на крин, четири лакти;
20
и капителите врз двата столба одозгора беа токму над испупчениот дел што беше до мрежата; и врз другиот капител во редови наоколу имаше по двесте калинки.
21
И ги постави столбовите на храмовиот трем; постави столб оддесно и му даде име Јахин; постави столб и одлево и го нарече Вооз.
22
А над столбовите положи венци, направени слично на крин. Така заврши работата над столбовите.
23
Направи и излеано од бронза море — од едниот негов крај до другиот имаше десет лакти, — и сосема кружно, пет лакти високо; и венец од триесет лакти го опфаќаше наоколу.
24
Под краиштата негови имаше од сите страни издадени работи како јаболка по десет на лакот; тие го опкружуваа морето од сите страни во два реда; издадените работи како јаболка беа излеани заедно со него.
25
Тоа стоеше на дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток; морето стоеше врз нив, а задната страна им беше свртена навнатре.
26
Тоа беше дебело една дланка, а краиштата негови, направени како краишта на чаша, прилегаа на расцветан крин. Тоа собираше две илјади мери.
27
Тој направи и десет бронзени подножја; секое подножје беше долго четири лакти, широко — четири лакти, високо — три лакти.
28
Еве ја направата на подножјата: тие имаа рамки, а рамките беа меѓу аголните продолжетоци.
29
Врз рамките што беа меѓу аголните продолжетоци, имаше обликувани лавови, волови и херувими; исто така и врз аголните продолжетоци; а над лавовите и воловите и под нив имаше висечки венци;
30
секое подножје имаше по четири бронзени тркала и бронзени оски. На четирите агли имаше испупчувања како раменици, излеани испупчувања, оддолу под мијалникот, до секој венец.
31
Отворот од внатрешниот венец до горе имаше еден лакот; отворот му беше кружен како подножјето на столбовите; лакот и половина, и кај отворот негов — резби; но страните беа четириаголни — не кружни.
32
Под страните имаше четири тркала и оски на тркалата во подножјата; секое тркало беше високо лакот и половина.
33
Направата на тркалата беше исто таква, како тркалата на колите; оските нивни, оплатите нивни, спиците нивни и главичките нивни — сѐ беше излеано.
34
Имаше четири испакнатини на четирите агли на секое подножје; од подножјата излегуваа испакнатините негови.
35
И врз подножјата имаше испакнатини, половина лакот високи, а над подножјата дршките нивни и ѕидовите им беа од иста материја.
36
Тој изваја и врз штичките на дршката нејзина и на ѕидовите нејзини херувими, лавови и палми, колку што дозволуваше местото, и наоколу — висечки венци.
37
Така направи тој десет подножја; сите еднакво излеани, еднаква мерка, еднаков изглед.
38
Направи и десет бронзени мијалници; секој мијалник собираше по четириесет мери и беше висок четири лакти; секој мијалник стоеше на едно од десетте подножја.
39
Тој ги распореди подножјата — пет десно од храмот и пет лево од храмот, а морето го постави десно од храмот, на источната страна кон југ.
40
Хирам ги направи мијалниците, лопатките и машите. И ја сврши Хирам целата работа што ја вршеше кај цар Соломон за храмот Господов, односно:
41
два столба и два појаса на капителите што се врз столбовите, и две мрежи за покривање на двата појаса на капителите што се врз столбовите,
42
и четиристотини калинки на двете мрежи; два реда калинки на секоја мрежа за покривање на двата појаса над капителите што се врз столбовите,
43
и десет подножја и десет мијалници на подножјата;
44
едно море и дванаесет вола под морето;
45
и котли, и лопатки, и чаши. Сите работи што Хирам му ги направи на царот Соломон за храмот Господов, беа од измазнет бакар.
46
Царот ги излеа во глинена земја, во околината на Јордан, меѓу Сукот и Царетан.
47
Соломон ги постави сите тие работи на местата нивни. Поради нивното извонредно множество, тежината на бронзата не можеше да се измери.
48
Соломон ги направи и сите предмети што се во храмот Господов: златен жртвеник и златна трпеза, на која се ставаат лебовите на предложението:
49
светилници — пет оддесно и пет одлево, пред Светињата над светињите, од чисто злато, цвеќиња, кандилца и штипки од злато;
50
и чинии, и ножеви, и чаши, и подносници и кадилници од чисто злато; резиња за вратите на внатрешноста на Светињата над светињите и за вратите во храмот, исто така од злато.
51
Така беше свршена сета работа што ја изврши цар Соломон за храмот Господов. И го принесе Соломон посветеното од татко му Давид: среброто, златото и предметите ги предаде во ризницата на храмот Господов.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22