bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Acts 11
Acts 11
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 12 →
1
Апостолите и браќата во Јудеја, слушнаа дека и незнабошците го примиле словото Божјо.
2
И кога Петар влезе во Ерусалим, обрезаните што беа со него го укорија,
3
велејќи: „Ти си бил кај необрезани луѓе и си јадел со нив.“
4
А Петар почна да им расправа за сѐ по ред, велејќи:
5
„Јас бев во градот Јопија, и, додека се молев, во занес здогледав видение: од небото слегуваше некаков сад, како некое платниште, врзано за четирите краишта, и дојде дури до мене.
6
Откако погледав во него и го разгледав, видов четириножни земни животни, ѕверови, влекачи и птици небески.
7
И чув глас што ми зборуваше: ‚Стани Петре, заколи и јади!‘
8
Јас, пак, реков: ‚Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во устата моја.‘
9
А гласот од небото повторно проговори и рече: ‚Она што Бог го очистил, ти не го сметај за погано!‘
10
Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото.
11
И ете, во тој час застанаа тројца луѓе, испратени кај мене од Кесарија.
12
А Духот ми рече да појдам со нив, без двоумење. Со мене дојдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на оној човек.
13
Тој ни раскажа како видел ангел во куќата своја, кој застанал и му рекол: ‚Прати во Јопија луѓе и повикај го Симон, наречен Петар.
14
Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе бидеш спасен ти и целиот твој дом.‘
15
И кога почнав јас да зборувам, над нив слезе Духот Свети, како и над нас во почетокот.
16
Тогаш се сетив на зборовите Господови: ‚Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘
17
Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господ Исус Христос, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“
18
Откако го ислушаа тоа, тие се успокоија и Го прославуваа Бога, велејќи: „Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.“
19
А оние, што се беа распрснале поради гонењето до кое дојде по убиството на Стефан, стигнаа сѐ до Феникија, Кипар и Антиохија, и никому не му го проповедаа словото, освен на Јудејците.
20
А некои од нив — Кипрани и Киринејци, штом пристигнаа во Антиохија, почнаа да им проповедаат и на Елините, навестувајќи го Евангелието на Господ Исус.
21
И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обратија кон Господ.
22
Веста за тоа дојде до ушите на црквата ерусалимска. И тогаш го испратија Варнава да оди во Антиохија.
23
А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и ги бодреше сите да пребиваат во Господ со непоколебливо срце.
24
Тој беше добар човек и исполнет со Дух Свети и вера. И значително мноштво луѓе се припои кон Господ.
25
Потоа, Варнава тргна за Тарс да го бара Савле.
26
И кога го најде, го доведе во Антиохија. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа големо мноштво луѓе. Во Антиохија за прв пат ги нарекоа учениците христијани.
27
А во тоа време слегоа од Ерусалим во Антиохија некои пророци.
28
И еден од нив, по име Агав, претскажа преку Духот дека по целата вселена ќе настане голем глад. И токму таква голема и настана во времето на царот Клавдиј.
29
Тогаш учениците решија, секој, колку што има, да испрати за поткрепа на браќата, што живееја во Јудеја.
30
Тоа го направија, така што го пратија собраното до старешините преку Варнава и Савле.
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28