bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Acts 12
Acts 12
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
1
Во тоа време цар Ирод стави рака на некои од Црквата, и почна да ги измачува.
2
Со меч го уби Јакова, братот Јованов.
3
А кога виде дека тоа им се допаѓа на Јудејците, го фати и Петар. Тоа беше за време на Бесквасници.
4
Него, кога го фати, го фрли в затвор предавајќи го на четири групи по четири војници да го пазат. Неговата намера беше веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.
5
И така, додека Петар го пазеа во затворот, Црквата непрестано Му се молеше на Бога за него.
6
Ноќта, спроти денот кога Ирод сакаше да го изведе, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во два пара ланци, а стражарите пред портата го чуваа затворот.
7
И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петар по ребрата и го разбуди, па му рече: „Стани брзо!“ И оковите му паднаа од рацете негови.
8
Тогаш ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги чевлите!“ Така и направи. И пак му рече: „Облечи ги алиштата свои и оди по мене!“
9
И излезе и тргна по него, а не знаеше дека тоа, што го направи ангелот, е вистина, туку си мислеше дека гледа привид.
10
Откако ја изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама. Тие излегоа и преминаа преку една улица, и во тој час ангелот го снема.
11
Тогаш Петар, откако дојде на себе, си рече: „Сега знам дека навистина Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете Иродови и од сѐ, што очекуваше јудејскиот народ.“
12
Сфаќајќи го тоа, тој дојде до куќата на Марија, мајката на Јован, наречен Марко, каде што беа собрани многумина на молитва.
13
А кога Петар затропа на портата, слугинката по име Рода пријде да наслушне.
14
И, штом го позна гласот на Петар, таа од радост не ја отвори портата, туку се втрча и јави дека Петар стои пред портата.
15
А тие ѝ рекоа: „Луда ли си ти?“ Но таа потврдуваше дека тоа е така. А тие велеа: „Тоа е сигурно неговиот ангел.“
16
Петар, пак, постојано чукаше. А кога му отворија, го видоа и се зачудија многу.
17
Тој им мавна со раката да молчат, а потоа им раскажа како Господ го извел од затворот, и рече: „Соопштете му за ова на Јаков и на браќата!“ Потоа излезе и отиде на друго место.
18
Утредента меѓу војниците настана голема вознемиреност поради тоа што се случило со Петар.
19
А Ирод, кој испрати потера по него, но не успеа да го пронајде, откако ги испита стражарите, заповеда да ги погубат. Потоа тој слезе од Јудеја во Кесарија, и таму се задржа.
20
Ирод беше гневен на Тирците и Сидонците. Но тие, бидејќи нивните земји добиваа храна од неговото царство, се договорија и дојдоа кај него еднодушни, и откако го придобија на своја страна Власта, царевиот собар, побараа мир.
21
Во договорениот ден Ирод, облечен во царска облека, седна на престолот и одржа говор пред народот.
22
А народот воскликнуваше: „Ова е глас Божји, а не човечки.“
23
Но ненадејно во истиот миг ангел Господов, силно го удри, зашто не Му воздаде слава на Бога. И, изеден од црви, тој умре.
24
А словото Божјо сѐ повеќе растеше и се распространуваше.
25
Варнава и Савле, откако го исполнија задолжението, од Ерусалим се вратија во Антиохија, од каде што го зедоа со себе и Јован, наречен Марко.
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28