bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
James 2
James 2
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
1
Браќа мои, држете ја непристрасно верата во Исус Христос, нашиот Господ на славата!
2
Ако во вашето собрание влезе човек со златен прстен, во светли алишта, и влезе сиромав човек со проста облека,
3
па се загледате на облечениот во светли алишта и му речете: „Ти седни овде убаво!“, а на сиромашниот му речете: „Ти стој таму!“, или „Седни овде, крај подножјето мое!“,
4
зарем со тоа не покажувате пристрасност, и не станувате судии со лоши помисли?
5
Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог сиромашните од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние кои Го љубат?
6
А вие го посрамивте сиромавиот! Не се ли богатите тие што ве мачат и ве влечат по судови?
7
Не го хулат ли тие вашето добро име, со кое сте се нарекле?
8
Ако, пак, го извршувате царскиот закон според Писмото: „Возљуби го ближниот како самиот себе“ — добро правите.
9
Но, ако сте пристрасни, грев правите; и Законот ве осудува како престапници.
10
Зашто, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сѐ.
11
Зашто Оној, Кој рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на Законот.
12
Зборувајте и постапувајте како оние што ќе бидат судени според законот на слободата.
13
Зашто судот ќе биде безмилосен спрема оној кој не покажува милост; милоста надвива над судот.
14
Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси?
15
Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат,
16
па некој од вас им рече: „Одете си со мир, грејте се и наситете се!“, а не им даде што им е потребно за телото — каква полза?
17
И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.
18
Но може некој да рече: ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас преку моите дела ќе ти ја покажам мојата вера.
19
Ти веруваш дека Бог е еден: добро правиш; но и злите духови веруваат, а треперат.
20
Не сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва?
21
Нели со дела беше оправдан Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак?
22
Гледаш ли дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена?
23
И се изврши Писмото, кое вели: „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност“, и тој се нарече — пријател Божји.
24
Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера?
25
А така не се оправда ли со дела и блудницата Раав, откако ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат?
26
Зашто, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5