bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
James 5
James 5
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
1
Ајде сега вие, богати, плачете и липајте за страшните маки што идат на вас.
2
Богатството ваше изгни, а алиштата ваши молци ги изгризаа.
3
Златото ваше и среброто ви за'рѓаа, и 'рѓата нивна ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде телото ваше како оган! Сте насобрале богатство за последните дни.
4
Ете, платата што сте ја задржале од работниците, кои работеле на вашите ниви, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господ Саваот.
5
Се веселевте на земјата и се насладувавте, ги згоивте срцата ваши како за ден на клање.
6
Го осудивте, Го убивте праведникот; и тој не се спротивставуваше.
7
Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господ! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен.
8
Па трпете и вие, укрепете ги срцата свои, зашто доаѓањето на Господ се приближи.
9
Не оплакувајте се, браќа, еден на друг, та да не бидете осудени: ете, Судијата стои пред вратата.
10
Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците што зборуваа во името Господово.
11
Ете, блажени се оние што истрајаа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него.
12
А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга заклетва. И зборот нека ви биде да — да и не — не, за да не паднете под суд!
13
А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека Го фали Господа!
14
Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово.
15
И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат.
16
Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.
17
Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.
18
И пак се помоли, па небото даде дожд и земјата го даде својот плод.
19
Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и ако некој друг го поврати,
20
тој нека знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
All chapters:
1
2
3
4
5