bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Joel 2
Joel 2
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
1
Трубете со труби на Сион и викајте на Мојата света гора; нека треперат сите жители земни, зашто доаѓа денот Господов, близу е
2
денот на темнина и мрак, денот облачен и црн: како зората се шири по горите многуброен народ и силен каков што немало од векот и каков што не ќе има потоа од род во род.
3
Пред него оган ќе голта, а зад него пламен ќе пали; пред него е земјата како Едемска градина, а зад него земјата ќе биде опустошена како пустина, и за никого нема да има спас.
4
Изгледаат како коњи, галопираат како коњаници,
5
скокаат преку горските врвови како со тропот од коли, како шум од огнен пламен, кој гори слама — како силен народ построен за борба.
6
Штом ќе се појави, ќе затреперат народите; лицата на сите ќе им побледат.
7
Како борци ќе трчаат и како храбри борци ќе се искачуваат по карпите, и секој ќе си оди по својот пат и нема да отстапува од патот свој.
8
И нема да се притискаат еден со друг, туку секој се држи до својот пат; незапирливо се пробиваат меѓу стрелите.
9
Ќе навалат на градот, ќе се искачуваат по ѕидовите, ќе влегуваат во куќите, ќе влегуваат и низ прозорците како крадци.
10
Пред нив ќе се потресе земјата, ќе се расклати небото, сонцето и месечината ќе потемнат, а и ѕвездите ќе ја изгубат светлината своја.
11
И Господ ќе го пушти гласот Свој пред Својата војска, зашто силата воинствена Негова е многу голема, и многубројни се оние што ќе ја извршуваат волјата Негова; зашто голем е денот Господов и многу е страшен, и кој ќе истрпи?
12
Но и уште сега вели Господ: вратете се кај Мене од сѐ срце со пост, плач и ридание.
13
Раскинете ги срцата свои, а не облеката и вратете се кај Господ вашиот Бог: зашто Тој е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува кога казнува.
14
Кој знае дали нема да се смили и дали ќе остави благослов: лебен принос и прелив за Господ, вашиот Бог?
15
Затрубете со труба на Сион, наредете пост и објавете свечен собир.
16
Соберете го народот, свикајте собир, поканете ги и старешините, соберете ги децата и доенчињата; нека излезе младоженецот од свадбената соба и невестата од својата одаја.
17
Меѓу тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господ и нека молат: „Смилувај се, Господи, над народот Свој, не предавај го наследството Свое на срам, та да не се подигруваат со него народите! Зошто меѓу нив да се зборува — каде е нивниот Бог?“
18
Тогаш Господ стана љубоморен за земјата Своја, па му се смилува и на народот Свој.
19
Тогаш одговори Господ и му рече на народот Свој: „Еве, Јас ќе ви пратам леб, вино и масло, и ќе се наситите со тоа, и нема повеќе да ве предавам на срам пред народите.
20
И непријателот од север ќе го мавнам и ќе го протерам во безводна и пуста земја — претходницата — во источното море, а позадината — во западното море, и ќе се почувствува неговиот гнилеж, и ќе се почувствува смрдеа, зашто тој беше направил големо зло.
21
Не бој се, земјо; радувај се и весели се, зашто Господ изврши големи дела.
22
Не плашете се ѕверови полски, зашто пасиштата на пустината ќе се наполнат со трева, дрвјата ќе го дадат својот плод, смоквата и лозјата ќе дадат изобилен род.
23
А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господ, вашиот Бог; зашто Тој ви дава умерен дожд, па ќе ви праќа дожд — пролетен дожд и есенски дожд, како и порано.
24
И ќе се наполнат гумната со жито и ќе се преполнат бочвите со гроздов сок и со масло.
25
И ќе ви надоместам за оние години, кога испојадоа сѐ скакулците, црвите, бумбарите и гасениците — Мојата голема војска што ја пратив против вас.
26
Во изобилство ќе јадете и ќе се наситувате и ќе го славите името на Господ, вашиот Бог, Кој со вас постапи на чудесен начин, така што Мојот народ нема да се посрами довека.
27
И ќе познаете дека Јас сум среде Израел и дека Јас сум Господ, вашиот Бог, и дека нема друг, и Мојот народ нема да се посрами довека.“
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3