bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
John 17
John 17
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 18 →
1
Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој,
2
како што си Му дал власт над секое тело, та на сѐ што си му дал, да му даде вечен живот.
3
А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос.
4
Јас Те прославив на Земјата; го извршив делото, што си ми го дал да го извршам.
5
И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане.
6
Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово.
7
Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал, е од Тебе;
8
зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и разбраа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил.
9
Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои.
10
И сѐ Мое е Твое, и Твоето — Мое, и се прославив во нив.
11
Веќе не сум во светот, но тие се во светот, а Јас идам кај Тебе. Оче Свети, запази ги во Твоето име оние што си Ми ги дал, за да бидат едно, како што сме и Ние.
12
Додека бев со нив во светот, Јас ги пазев во Твоето име; оние, што си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не погина, освен погибелниот син, за да се исполни Писмото.
13
А сега се враќам кај Тебе, и ова му го кажувам на светот за да ја имаат во себе Мојата полна радост.
14
Јас им го предадов Твоето слово, и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од него.
15
Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото.
16
Тие не се од светот, како и Јас што не сум од него.
17
Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина.
18
Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот.
19
И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината.
20
Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене,
21
за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил.
22
И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние.
23
Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во сѐ едно, и да дознае светот дека Ти си Ме испратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби.
24
Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто ме возљуби уште пред да се создаде светот.
25
Оче Праведен, светот не Те позна, Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме испратил;
26
и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Ме возљуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив.“
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 18 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21