bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Joshua 6
Joshua 6
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 7 →
1
А Ерихон беше утврден и затворен поради страв од синовите Израелови; никој не излегуваше и не влегуваше во него.
2
Тогаш му рече Господ на Исус: „Еве, Јас го предавам Ерихон во твои раце и царот негов и силните луѓе;
3
обиколувајте го градот сите вие, способни за војна, по еднаш, и така правете шест дена;
4
и седум свештеници нека носат пред ковчегот седум труби од рогови; а седмиот ден обиколете го градот седумпати и свештениците нека трубат со трубите од рогови.
5
И кога трубите од рог ќе затрубат силно, веднаш штом ќе го чуете звукот од трубите, целиот народ нека воскликне, и градските ѕидишта ќе паднат сами до основата своја пред оние што викаат; и тогаш целиот народ да навлезе секој од своето место.“
6
Тогаш дојде Исус, синот Навинов, кај свештениците и им рече: „Земете го ковчегот на заветот Господов и седум свештеници нека носат седум рогови труби пред ковчегот Господов!“
7
И им рече, велејќи: „Заповедајте му на народот да го обиколат и да го опкружат градот; а вооружените нека одат пред ковчегот Господов.“
8
Штом Исус му го кажа тоа на народот, рече и седумте свештеници, што ги имаа седумте свештени труби, да појдат и да затрубат со трубите, и ковчегот на заветот Господов да оди по нив.
9
Вооружените, пак, одеа пред свештениците, кои трубеа со трубите; и оние што одеа по нив, по ковчегот, трубеа со трубите.
10
На народот, пак, Исус му заповеда и рече: „Не викајте и да не се чуе глас од вас, и да не излегува збор од устата ваша до оној ден, додека не ви заповедам: викајте! — и тогаш ќе викнете.“
11
Така ковчегот Господов тргна околу градот и еднаш го обиколи; и дојдоа во логорот и ноќеваа во него.
12
Исус стана утрината рано, и свештениците го понесоа ковчегот Господов;
13
и седумте свештеници, што ги носеа седумте труби пред ковчегот Господов, одеа и трубеа со трубите; вооружените, пак, одеа пред нив, а другите одеа по ковчегот Господов и свештениците затрубија со роговите труби.
14
И вториот ден го обиколија градот еднаш и се вратија во логорот. Така правеа шест дена.
15
На седмиот ден станаа рано и го обиколија градот седумпати; само тој ден го обиколија градот седумпати.
16
И при седмото заобиколување свештениците затрубија во трубите. Тогаш Исус му рече на народот: „Викајте, бидејќи Господ ви го предаде градот!
17
И градот, со сѐ што е во него да падне во проклетство, во името Господово; само блудницата Раав поштедете ја, неа и секој што е во домот нејзин; зашто таа ги сокри извидниците што ги пративме.
18
Но и вие чувајте се од проколнатото, за да не паднете и самите во проклетство, ако земете нешто од проколнатото, и со тоа на логорот и на синовите Израелови да им донесете проклетство, и нас да нѐ истребите.
19
Златото, пак, среброто и бакарот и железото се за Господ и да се внесат во ризницата Господова!“
20
И затрубија свештениците со трубите. Штом го чу народот гласот на трубите, сите извикаа со висок глас, и сите ѕидишта паднаа, и целиот народ влезе во градот, секој од своето место, и го презедоа градот.
21
И фрли во проклетство Исус сѐ што беше во градот, — мажите и жените, младите и старите, овците и магарињата; сѐ се истреби со меч.
22
А на двете момчиња што ја извидуваа тајно земјата, Исус им рече: „Влезете во домот на жената блудница и изведете ја оттаму неа и сите што се кај неа, бидејќи вие ѝ се заколнавте.“
23
Тогаш влегоа момчињата, што го разгледуваа градот во домот на жената и ја изведоа блудницата Раав и таткото нејзин, мајката нејзина, браќата нејзини и сите нејзини роднини и сите што беа кај неа, ги изведоа и ги ставија надвор од логорот на Израел.
24
А градот и сѐ што беше во него, го изгореа со оган; само среброто и златото, бакарот и железото ги предадоа за да се внесат во ризницата Господова.
25
Блудницата, пак, Раав и целото семејство на нејзиниот татко, Исус ги остави живи, и таа живее меѓу синовите Израелови до денес, зашто ги сокри извидниците што ги испрати Исус за да го разгледаат Ерихон.
26
Во тој ден Исус проколна и рече: „Проклет да биде пред Господ оној што ќе го издигне и изгради овој град Ерихон; врз првородениот син свој тој ќе ги положи основите негови и врз најмалиот син свој ќе ги постави портите негови!“
27
И Господ беше со Исус, и славата Негова се рашири по целата земја.
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24