bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Zephaniah 1
Zephaniah 1
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
1
Словото Господово упатено до Софонија, синот на Кушиј, син Гедалиев, син Амариев, син Езекиин, во деновите на Јошија, син Амонов, цар јудејски.
2
Сѐ ќе истребам од земјата, вели Господ;
3
ќе ги збришам луѓето и животните, ќе ги истребам птиците небески и рибите морски и ќе направам да паднат безбожниците; ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата, вели Господ.
4
И ќе ја протегнам раката Своја врз Јудеја и врз сите жители на Ерусалим; ќе ги истребам од тоа место остатоците на Ваал, името на служителите негови со свештениците негови,
5
и оние, кои на покривите се поклонуваат на небесната војска, и од поклониците оние што се колнат во Господ, но се колнат и во својот цар,
6
како и оние, што отстапија од Господ, не Го бараат Господа ниту прашуваат за Него.
7
Замолкни пред лицето на Господ Бог, зашто близу е денот Господов. Веќе го приготви Господ жртвеното клање, ги определи и гостите свои.
8
Во денот на жртвата Господова, Јас ќе ги казнам кнезовите, синовите на царот и сите, што се облекуваат во облеки на туѓинци;
9
ќе ги казнам во оној ден сите, кои го прескокнуваат прагот, што го исполнуваат домот на својот Господ со насилство и измама.
10
И во тој ден, вели Господ, ќе има вик кај Рибните Порти и ридање во новиот дел на градот, а и големо уривање на ридови.
11
Плачете жители на Махтеш, зашто загинаа сите трговци; истребени се сите што мерат сребро.
12
А во тоа време Јас ќе го прегледам Ерусалим со светило и ќе ги казнам оние, кои седат на своите остатоци и велат во срцето свое: „Господ не прави ни добро ни лошо“;
13
пак ќе станат богатствата нивни пљачка и куќите нивни ќе се запустат; иако градеа куќи, тие нема да живеат во нив; садеа лоза, но вино нема да пијат од неа.
14
Близу е денот велик на Господ, близу е — и брзо доаѓа. Горчлив е гласот на денот Господов, ќе завика тогаш дури и најхрабриот.
15
Тој ден е ден на гнев, ден на жалост и на мачнотија, ден за запустување и уривање, ден на темнина и на мрак, ден облачен и маглив,
16
ден на труба и на боен повик против утврдените градови и високите кули.
17
И Јас ќе ги притеснам луѓето, и тие ќе се тетерават како слепи, зашто згрешија против Господ, и растурена ќе биде крвта нивна како прав, и телата нивни како смет.
18
Ни среброто нивно, ниту златото нивно не ќе може да ги спаси во денот на гневот Господов, а од огнот на ревноста Негова ќе биде уништена целата земја, и тоа ќе биде ненадеен крај на сите жители нејзини.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3