bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Zephaniah 2
Zephaniah 2
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
1
Соберете се, соберете се, народи бесрамни,
2
додека не бидете одвеани како плева, додека уште не е дојден врз вас пламнатиот гнев Господов, додека не настапил денот на јароста Господова.
3
Побарајте Го Господа, сите скромни на земјата, вие што ги извршувате законите Негови; побарајте ја правдата, побарајте ја понизноста; можеби ќе бидете заштитени во денот на гневот Господов.
4
Зашто Газа ќе биде напуштена и Ашкелон ќе запусти, Ашдод ќе биде изгонет среде ден, а Екрон ќе се искорени.
5
Тешко им на жителите од приморскиот крај, на народот од Крит! Словото Господово е против вас, Хананци, земјо филистејска! Јас ќе те истребам, и во тебе нема да има жители,
6
па ќе стане приморскиот крај ливада, овчарско пасиште и ограда за добиток.
7
И тој крај ќе му припадне на остатокот од домот Јудин, и ќе пасат таму и во куќите на Ашкелон вечерта ќе ја поминуваат, зашто Господ, нивниот Бог, ќе ги посети и ќе им ја измени судбината.
8
Го чув хулењето од Моав и навредите од синовите Амонови, како се подигруваат со Мојот народ и како се шират во пределите негови.
9
Но жив сум Јас, вели Господ Саваот, Бог Израелов: Моав ќе биде како Содом, и синовите на Амон ќе бидат како Гомора, земја на коприви, соларник, пустина за навек; остатокот од Мојот народ ќе ги плени, и оние што ќе останат од Мојот народ, ќе ги наследи.
10
Тоа ќе им биде цената за гордоста нивна, зашто се подигруваа и се ширеа над народот на Господ Саваот.
11
Страшен ќе биде за нив Господ: Тој ќе ги истреби сите земни богови, и Нему ќе Му се поклонат — сите од своите места, сите острови на народите.
12
И вие, Етиопјани, ќе бидете поразени од Мојот меч.
13
Потоа Господ ќе ја протегне раката Своја на север, ќе го уништи Ашур, а Ниневија ќе ја претвори во урнатина, во место суво како пустина,
14
и стада ќе лежат по неа и секаков вид животни: буф и еж ќе ноќеваат врз столбовите, утки и гаврани ќе гракаат по праговите, зашто нивните кедарски градби ќе запустат.
15
Тој ли е прочуениот град, кој живееше безгрижно и во срцето свое си велеше: „Јас сум и нема друг освен мене!?“ И еве, ќе стане урнатина, легло за ѕверови! И секој што ќе помине покрај него, ќе потсвирне и ќе мавне со раката.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3