bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 John 2
1 John 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
1
Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите. Но, ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Христос, Праведниот;
2
а Тој е жртва за измирување за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.
3
По тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги чуваме Неговите заповеди.
4
Оној што вели: „Го познав“, а Неговите заповеди не ги чува, лажливец е и во него нема вистина;
5
а кој го пази Неговото слово, во него Божјата љубов навистина е совршена: по тоа знаеме дека сме во Него.
6
Оној што вели дека престојува во Него, должен е да постапува така, како што и Самиот Тој постапи.
7
Браќа, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја имавте од почетокот. Старата заповед е словото, што го чувте од почетокот.
8
Па сепак, нова заповед ви пишувам – нешто што е вистинито и во Него и во вас; зашто темнината одминува, а вистинската светлина веќе свети.
9
Оној што вели дека е во светлина, а го мрази својот брат, тој е сѐ уште во темнина.
10
Кој го љуби својот брат, тој престојува во светлина и во него нема соблазна.
11
А оној што го мрази својот брат, тој е во темнина, и во темнина оди, и не знае ни каде оди, бидејќи темнината му ги ослепила очите.
12
Ви пишувам, чеда, зашто гревовите ви се простени заради Неговото име.
13
Ви пишувам вам, татковци, зашто Го спознавате Оној што е од почетокот; ви пишувам, вам, момчиња, зашто го победивте лукавиот. Ви напишав вам, чеда, зашто Го познавте Отецот.
14
Ви напишав, вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној што е од почетокот; ви напишав вам, момчиња зашто сте силни, и словото Божјо престојува во вас, па го победивте лукавиот.
15
Не љубете го светот, ниту она што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот.
16
Зашто, сѐ што е во светот – похотата на телото, похотата на очите и горделивоста на животот – не е од Отецот, туку е од светот.
17
А светот и неговите похоти се минливи, а оној што ја извршува волјата Божја, останува довека.
18
Чеда, последен час е. И како што сте слушале дека антихристот доаѓа, и сега многумина станаа антихристи; по тоа знаеме дека е последниот час.
19
Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа од нас, ќе останеа со нас; но излегоа, за да биде јасно дека не се сите наши.
20
А вие имате помазание од Светиот, и знаете сѐ.
21
Не ви пишав зашто не ја знаете вистината, туку затоа што ја знаете и затоа што ниедна лага не доаѓа од вистината.
22
Кој е лажливец, ако не оној, што порекнува дека Исус е Христос? Антихрист е тој што Ги порекнува Отецот и Синот.
23
Секој што Го порекнува Синот, Го нема ниту Отецот.
24
И така, она што го чувте во почетокот, тоа и нека остане во вас; ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе престојувате во Синот и во Отецот.
25
А ова е ветувањето што ни го даде Тој: вечниот живот.
26
Тоа ви го напишав заради оние што се обидуваат да ве измамат.
27
А што се однесува на вас, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и нема потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.
28
И така, чеда, останете во Него, та, кога ќе се објави Тој, да имаме смелост и да не се посрамиме од Него при Неговото доаѓање.
29
Штом знаете дека Тој е праведен, знајте го и тоа дека секој што врши правда е роден од Него.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
Recommended Reading
Commentary
1 John Commentaries
→
Devotional
1 John Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Нов Превод на Новиот Завет ) Study Bible
→