bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 John 3
1 John 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 4 →
1
Видете каква љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји! Затоа светот не ве знае, зашто не Го спозна Него.
2
Возљубени, сега сме чеда Божји! Но сѐ уште не е откриено што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се открие, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е.
3
И секој што ја има таа надеж во Него, се очистува себеси, како што е чист Тој.
4
Секој што прави грев, прави и беззаконие; зашто гревот е беззаконие.
5
А знаете дека Тој се јави за да ги земе нашите гревови; а грев во Него нема.
6
Секој што престојува во Него, не греши; секој што греши, не Го видел, ниту Го познал.
7
Чеда, никој да не ве заблудува! Кој постапува праведно, праведен е, како што е праведен Тој.
8
Оној што прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од искони. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне ѓаволските дела.
9
Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто Неговото семе престојува во него; и не може да греши, бидејќи е роден од Бога.
10
Божјите чеда и ѓаволските чеда по тоа и се познаваат. Секој што не постапува праведно, и секој што не го љуби својот брат, не е од Бога.
11
Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се љубиме еден со друг.
12
Но не како Каин, кој беше од лукавиот и го уби својот брат. А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа лоши, а оние на неговиот брат – праведни.
13
Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази.
14
Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме браќата; оној што не го љуби својот брат, тој останува во смртта.
15
Секој што го мрази својот брат, е човекоубиец; а знаете дека ниеден човекоубиец нема вечен живот во себе.
16
Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас Својата душа; но и ние сме должни да ги полагаме своите души за браќата.
17
Но оној што има световно богатство и забележи дека неговиот брат има потреба од нешто, та го затвори своето срце за него – тогаш како Божјата љубов ќе остане во него?
18
Чеда мои, да не се љубиме на збор, ниту на јазик, туку на дело и во вистина!
19
И по тоа ќе знаеме дека сме од вистината, та ќе ги успокоиме своите срца пред Него;
20
зашто ако нашето срце нѐ обвини, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ.
21
Возљубени, ако нашето срце не нѐ обвинува, тогаш ние имаме смелост пред Бога,
22
и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите заповеди и го правиме тоа што е благоугодно пред Него.
23
А Неговата заповед е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал.
24
И оној што ги чува Неговите заповеди, престојува во Него, и Тој – во него. А по ова знаеме дека Тој престојува во нас: по Духот што ни Го дал.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5