bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Thessalonians 2
1 Thessalonians 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
1
Зашто и самите знаете, браќа, дека нашето доаѓање кај вас не беше залудно;
2
напротив, откако пострадавме и бевме навредувани во Филипи, како што знаете, ние се охрабривме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото благовестие со тешка борба.
3
Зашто нашиот поттик не произлегува од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство,
4
туку, како што Бог нѐ испита и ни Го довери благовестието, така и зборуваме – не за да им угодуваме на луѓето, туку на Бога, Кој ги испитува нашите срца.
5
Зашто, како што знаете, никогаш не сме се послужиле со ласкави зборови; ниту со прикриена алчност; Бог е сведок!
6
И не баравме слава од луѓе – ниту од вас, ниту од други,
7
иако, како Христови апостоли, можевме и да се наметнеме. Но ние меѓу вас бевме така нежни, како што мајката доилка ги негува своите деца.
8
И така, силно копнеејќи за вас, посакавме да ви го предадеме не само Божјото благовестие, туку и своите души, зашто ни станавте мили.
9
Спомнете си браќа за нашиот труд и мака, зашто работејќи дење и ноќе за да не обременуваме никого од вас, ние ви Го проповедавме Божјото благовестие.
10
Сведоци сте и вие и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно постапувавме пред вас, кои верувате.
11
Зашто знаете дека сите вас поединечно, како татко своите чеда, ве поттикнувавме и утешувавме
12
и ви сведочевме да живеете достојно за Бога, Кој ве повикува во Своето царство и слава.
13
Токму заради тоа непрестајно Му благодариме на Бога, бидејќи, откако го примивте словото Божјо што го чувте од нас, го притаивте не како човечко слово, туку – какво што навистина е – Божјо слово, кое и дејствува во вас, кои верувате.
14
Вие, браќа, станавте подражатели на Божјите цркви во Христос Исус, што се во Јудеја, зашто и вие пострадавте од своите сонародници, како и тие од Јудејците
15
кои ги убија Господ Исус и своите пророци, и нас нѐ избркаа, и на Бога не Му угодија, и им се противат на сите луѓе;
16
тие ни забрануваат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат и со тоа секогаш ги дополнуваат своите гревови; но, на крајот, гневот ги достигна.
17
А ние, браќа, откако бевме одвоени од вас за кратко време, далеку од очи, но не и од срце, со уште поголема желба настојувавме да ве видиме.
18
Затоа посакавме да дојдеме кај вас – барем јас, Павле, и тоа не еднаш или двапати – но нѐ попречи сатаната.
19
Зашто, кој е нашата надеж или радост, или венец за пофалба? Та нели сте вие пред нашиот Господ Исус Христос при Неговото доаѓање?
20
Да, вие сте нашата слава и радост!
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5