bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Thessalonians 5
1 Thessalonians 5
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
1
А за времињата и годините, браќа, нема потреба да ви се пишува,
2
бидејќи вие самите многу добро знаете дека денот Господов ќе дојде како крадец во ноќта.
3
И додека уште велат: „Мир и безопасност!“, Тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст како родилни болки на бремена жена, и не ќе можат да ја избегнат.
4
Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да ве затече како крадец.
5
Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не ѝ припаѓаме на ноќта, ниту на темнината.
6
И така, да не спиеме, како другите, туку да бидеме будни и трезвени.
7
Зашто оние што спијат, ноќе спијат, и оние што се опиваат, ноќе се опиваат.
8
Ние, пак, кои му припаѓаме на денот, да бидеме трезвени и облечени во оклопот на верата и љубовта и со шлемот на надежта за спасение,
9
зашто Бог не нѐ определи за гнев, туку за да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос,
10
Кој умре за нас, за ние да живееме заедно со Него, било да сме будни, било да спиеме.
11
Затоа, утешувајте се меѓу себе и надградувајте се еден со друг, како што и правите!
12
И ве молам, браќа, да ги почитувате оние што се трудат меѓу вас, оние што ве водат во Господа и ве укоруваат.
13
Ценете ги со најголема почит и љубов заради нивното дело. Живејте во мир меѓу себе!
14
Браќа, ве молиме, поучувајте ги неуредните, охрабрувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите.
15
Гледајте никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш стремете се да правите добро еден на друг и на сите!
16
Радувајте се секогаш!
17
Молете се непрестајно!
18
Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја за вас во Христос Исус!
19
Не гаснете Го Духот!
20
Не презирајте ги пророштвата!
21
Сѐ испитувајте, за доброто држете се!
22
Воздржувајте се од секакво зло!
23
А Самиот Бог на мирот нека ве освети потполно, и целиот ваш дух, и душата, и телото беспрекорно да се запазат за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!
24
Верен е Оној што ве повикува. Тој и ќе го направи тоа.
25
Браќа, молете се за нас!
26
Поздравете ги сите браќа со свет целив!
27
Ве заколнувам во Господ ова послание да им го прочитате на сите свети браќа.
28
Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
All chapters:
1
2
3
4
5