bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
James 2
James 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
1
Браќа мои, држете се за верата во Исус Христос, нашиот Господ на славата, без да бидете пристрасни.
2
Зашто, ако во вашето собрание влезе човек со златен прстен и раскошни алишта, а влезе и сиромав во валкани алишта,
3
па се загледате во оној што носи раскошни алишта и му речете: „Ти седни овде на убаво место!“, а на сиромашниот му речете: „Ти стој таму!“, или: „Седни овде, крај моето подножје!“,
4
зарем со тоа не правите разлика помеѓу нив и не станувате ли пристрасни судии?
5
Слушнете, возљубени мои браќа: не ги избра ли Бог сиромашните од овој свет за да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние кои Го љубат?
6
А вие го посрамивте сиромавиот! Нели богатите ве угнетуваат и ве влечат по судови?
7
Нели тие хулат на вашето добро име, со кое се нарекувате?
8
Ако го исполнувате царскиот закон според Писмото: „Возљуби го ближниот како себеси“ – добро правите.
9
Но, ако сте пристрасни, правите грев и Законот ве осудува како престапници.
10
Зашто оној што го запазил целиот Закон, а згрешил само во едно, бидува виновен за сѐ.
11
Бидејќи Оној што рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Ако, пак, не вршиш прељуба, а убиеш, стануваш престапник на Законот.
12
Така зборувајте и така постапувајте, како луѓе што ќе бидат судени според законот на слободата.
13
Зашто судот ќе биде безмилосен кон оној кој не покажува милост. Милоста торжествува над судот.
14
Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли таквата вера да го спаси?
15
Ако некој брат или некоја сестра се голи и секој ден страдаат за храна,
16
па некој од вас им рече: „Одете си со мир, згрејте се и наситете се!“, а не им го даде она што е потребно за телото – каква е ползата од тоа?
17
Така е и со верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.
18
Но може некој да рече: „Ти имаш вера, а јас имам дела“. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас преку моите дела ќе ти ја покажам мојата вера.
19
Ти веруваш дека Бог е еден – добро правиш; но и демоните веруваат и треперат.
20
Дали сакаш да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва?
21
Нели со дела беше оправдан нашиот татко Авраам, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак?
22
Гледаш ли дека неговата вера содејствуваше заедно со неговите дела, и дека преку делата, верата се усовршуваше?
23
И се исполни Писмото, кое вели: „Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност“, и тој се нарече Божји пријател.
24
Гледате дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера.
25
Исто така, зарем со дела не се оправда и блудницата Раав, кога ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат?
26
Бидејќи, како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5