bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
James 5
James 5
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
1
Дојдете сега вие, богатите, плачете и липајте над маките што идат на вас.
2
Вашето богатство изгни, а вашите алишта ги изгризаа молци.
3
Вашите злато и сребро за'рѓаа, и нивната 'рѓа ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде вашето тело како оган! Сте насобрале богатство за последните денови.
4
Ете, платата што сте ја задржале од работниците што жнееле на вашите ниви, вика, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господ Саваот.
5
Се веселевте на земјата и се насладувавте, сте ги угоиле вашите срца како за ден на колење.
6
Го осудивте, Го убивте Праведниот; и Тој не ви се спротивставуваше.
7
И така, браќа, бидете трпеливи до доаѓањето на Господ! Ете, земјоделецот го исчекува драгоцениот плод од земјата, трпејќи за него, додека не добие ран и доцен дожд.
8
Па и вие бидете трпеливи, укрепете ги своите срца, зашто доаѓањето на Господ се приближи.
9
Браќа, не роптајте еден против друг, за да не бидете осудени: ете, Судијата стои пред вратата.
10
Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците што зборуваа во името на Господа.
11
Ете, блажени се оние што истрајаа. Сте слушнале за трпението на Јов и знаете каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и сострадален.
12
А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга заклетва. И вашето „да“ да биде да и вашето „не“ – не, за да не паднете под суд!
13
Ако некој од вас страда, нека се моли; весел ли е, нека Го фали Господа!
14
Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика црковните презвитери и нека се помолат над него, помазувајќи го со масло во името на Господа.
15
И молитвата, која е со вера, ќе го исцели болниот, и Господ ќе го подигне; и ако направил гревови, ќе му се простат.
16
Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.
17
Илија беше човек со иста природа како нас; и усрдно Му се помоли на Бога да не врне, и не заврна на земјата три години и шест месеци.
18
И пак се помоли, па небото даде дожд и земјата го даде својот плод.
19
Браќа, ако некој од вас се отклони од вистината, и ако некој друг го поврати,
20
тој нека знае дека оној што обратил грешник од лажлив пат, тој ќе спаси една душа од смрт и ќе покрие многу гревови. Амин!
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
All chapters:
1
2
3
4
5