bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
2 Chronicles 10
2 Chronicles 10
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 11 →
1
Тогаш Ровоам отиде во Сихем, зашто во Сихем дојдоа сите Израелци за да го зацарат.
2
Штом го чу тоа Јеровоам синот Наватов - кој беше во Египет каде беше побегнал пред царот Соломон - се врати од Египет,
3
зашто беа испратиле по него и го повикале. Кога дојдоа Јеровоам и сиот Израелев собир, му рекоа на Ровоама:
4
„Твојот татко ни наметна тешко бреме, сега ти олесни ни ги тешката служба на својот татко и тешкото бреме што го сложи на нас, па ќе ти служиме.”
5
Тој им одговори: „По три дни дојдете пак кај мене.” И народот си отиде.
6
Тогаш царот Ровоам се посоветува со старците, кои му служеа на неговиот татко Соломон додека беше жив, и ги праша: „Што советувате да му одговорам на овој народ?”
7
А тие му одговорија: „Ако ги исполниш барањата на тие луѓе, ако им бидеш благонаклонет и ако им одговориш со убави зборови, тие ќе ти бидат слуги секогаш.”
8
Но тој го отфрли советот што му го дадоа старците, и се посоветува со помладите, кои порастеа со него и му беа во служба.
9
Ги праша: „Што советувате да му одговорам на овој народ, кој ми рече: ‘Олесни ни го бремето што ни го наметна твојот татко!’”
10
Младите, кои беа порасле со него, му одговорија: „На народот кој ти рече: ‘Твојот татко ни наметна бреме, а ти олесни ни го’ одговори му вака: ‘Мојот мал прст е подебел од бедрата на мојот татко!
11
И така, мојот татко ви наметна тешко бреме, а јас ќе го зголемам вашето бреме; мојот татко ве казнуваше со камшици, а јас ќе ве бијам со камшици со железни штипци.’”
12
На третиот ден дојдоа Јеровоам и сиот народ кај Ровоам, зашто царот им беше наредил: „Вратете се кај мене на третиот ден.”
13
Царот им одговори остро; отфрлајќи го советот на постарите,
14
одговори по советот на младите: „Мојот татко ви го отежна вашето бреме, а јас уште ќе придадам врз него; мојот татко ве шибаше со камшици, а јас ќе ве шибам со камшици со железни штипци.”
15
И така, царот не сакаше да го послуша народот, зашто Бог среди така за да се исполни словото што му го кажа, преку Силомјанецот Ахиј, на Наватовиот син Јеровоам.
16
Кога Израелците видоа дека царот се прави дека не слуша, народот му одговори: „Каков дел имаме ние со Давида? Ние немаме наследство со Јесеевиот син! Во шаторите, Израелу! Сега, Давиде, грижи се за својот дом!” И сиот Израел си отиде под своите шатори.
17
Ровоам завладеа само над Израелевите синови, кои живееја по јудејските градови.
18
Потоа царот Ровоам го испрати Адорама, настојателот за данок, но Израелците го каменуваа, и тој умре; а царот Ровоам брзо се качи во колата та избега во Ерусалим.
19
Така Израел се оддели од Давидовиот дом сè до денес.
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36