bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
2 Chronicles 32
2 Chronicles 32
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 31
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 33 →
1
По тие настани и докази за верност, асирскиот цар Сенахирим им дојде и откако влезе во Јудеја, ги опколи утврдените градови мислејќи да ги освои.
2
Езекија, откако виде дека дојде Сенахирим и како наумува да завојува против Ерусалим,
3
се посоветува со кнезовите и со јунаците, за да ги засипе водните извори што беа надвор од градот. Тие му помогнаа нему.
4
Се собра многу народ, та ги засипа сите извори и потокот што течеше сред земјата; зборуваа: „Зошто асирските цареви да најдат толку вода кога ќе дојдат!”
5
Езекија се ободри го обнови сиот соборен ѕид и подигна стражарници врз него; однадвор изгради друг ѕид и го зацврсти Милон во Давидовиот Град; направи многу копја и штитови.
6
Потоа постави началници над народот и ги повика кај себе на плоштадот покрај Градската Врата, ги охрабри со овие зборови:
7
”Бидете храбри и јунаци; не бојте се и не плашете се од асирскиот цар, ни од сето мноштво што е со него зашто со нас е Посилниот отколку со него;
8
со него е телесната мишка, а со нас е Господ, Бог наш, за да ни помага и за да ги војува нашите боеви.” Народот се надеваше во зборовите на јудејскиот цар Езекија.
9
Потоа асирскиот цар Сенахирим, додека беше кај Лахис со сета бојна сила, испрати слуги во Ерусалим кај јудејскиот цар Езекија и кај сите Јудејци, кои беа во Ерусалим, и им порача:
10
”Асирскиот цар Сенахирим вели вака: ‘Во што се надевате стоејќи опсадени во Ерусалим?
11
Зар не ве заведува Езекија за да ве предаде на смрт од глад и од жед кога зборува: „Господ, нашиот Бог ќе не избави од рацете на асирскиот цар?”
12
Нели тој Езекија ги отстрани неговите високи места и неговите жртвеници и им заповеда на Јудејците и на Ерусалимците говорејќи: „Клањајте се пред еден жртвеник и кадете врз него!”
13
Зар не знаете што направив јас и моите предци од сите земни народи? Зар боговите на земните народи можеа да ги избават своите земји од мојата рака?
14
Кој од сите богови на оние народи, што моите предци ги уништија сосем, можеше да избави народ од мојата рака, за да може вашиот Бог да ве избави вас од мојата рака?
15
Затоа немојте сега Езекија да ве измамува и да ве заведува така, и не верувајте му! Зашто ниеден бог на ниеден народ или царство не можеше да го избави својот народ од мојата рака, ни од раката на моите предци, а камоли вашиот Бог ќе ве избави од мојата рака!’”
16
Неговите слуги уште повеќе ги напаѓаа Бога Господа и неговиот слуга Езекија.
17
Напиша и писмо хулејќи Го Господа, Израелевиот Бог: „Како што боговите на земните народи не ги избавија своите народи од мојата рака, така ни Езекиевиот Бог не ќе го избави Својот народ од мојата рака.”
18
И му викаа со силен глас, на јудејски јазик, на ерусалимскиот народ, кој беше на ѕидот за да го уплашат и да го смутат, како би го презеле градот.
19
Зборуваа за ерусалимскиот Бог како за боговите на земните народи, за боговите што се дело на човечките раце.
20
Затоа царот Езекија и пророкот Исаиј, Амосовиот син, се помолија и го повикаа небото на помош.
21
Тогаш Господ испрати ангел, кој ги уништи сите храбри јунаци, заповедниците и началниците во војската на асирскиот цар, така што се врати засрамен во својата земја. А кога влезе во храмот на својот бог, го сосекоа таму со меч некои, кои се родија од неговото крило.
22
Така Господ ги спаси Езекија и ерусалимските жители од раката на асирскиот цар Сенахирим и од раката на непријателите, та им даде мир отсекаде.
23
Мнозина им донесуваа дарови на Господа во Ерусалим и скапоцености на јудејскиот цар Езекија. Потоа Езекија се возвиши во очите на сите народи.
24
Во тоа време Езекија се разболе на смрт, ама Му се помоли на Господа, Кој му проговори и направи чудо.
25
Но Езекија не му се оддолжи на добротворството што му беше искажано, туку се возгордеа; затоа гневот дојде врз него, врз Јуда и врз сиот Ерусалим.
26
Но Езекија се понижи затоа што му се беше возгордеало срцето, и тој и Ерусалимците, па така Господовата расрденост не дојде врз нив за време на Езекиевиот живот.
27
Езекија придоби многу големо богатство и слава; направи ризница за сребро и злато, за скапоцени камења, за мириси, за штитови и за секакви скапоцени посатки;
28
складишта за родот на житото, на новото вино и за маслото, простории за секаков добиток, огради за стадата.
29
Подигна и градови, имаше многу добиток, ситна стока и говеда, зашто Господ му даде мошне голем имот.
30
Истиот Езекија го засипа горниот извор на Гионската Вода и ја сврте право на западната страна од Давидовиот Град. Езекија беше среќен во секоја работа.
31
Само кога дојдоа пратениците на вавилонските кнезови, испратени кај него за да се распрашаат за чудото што стана во земјата, Бог го остави, за да го испита и за да се сознае сè што му е во срцето.
32
Другите Езекиеви дела, и неговата набожност, се запишани во пророчките виденија на пророкот Исаиј, Амосов син, и во книжниот свиток за јудејските и израелските цареви.
33
Езекија почина кај своите татковци. Го погребаа на угорништето по кое се оди кон гробовите на Давидовите синови. По смртта сите Јудејци и Ерусалимци му оддадоа почест. На негово место се зацари син му Манасиј.
← Chapter 31
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 33 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36