bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Exodus 22
Exodus 22
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 23 →
1
„Ако некој украде говедо или животинче од ситниот добиток, па било да го заколе, било да го продаде, тогаш за едно говедо да се вратат пет говеда, а за ситно животинче четири ситни добичиња.
2
Ако крадецот биде затекнат како го пробива ѕидот, па му биде зададен смртоносен удар, неговата крв не треба да биде одмаздувана.
3
Но ако е сонцето веќе изгреано, неговата крв треба да биде одмаздена. Крадецот треба да ја надомести штетата. Ако нема ништо, тој треба да биде продаден за неговата кражба.
4
Ако се најде украденото животно живо во неговата сопственост - говедо, осле или некоја глава ситен добиток - треба да плати двојно.”
5
„Кој опусти нива или лозје, пуштајќи го својот добиток да испасе и да избрсти туѓо, нека надомести со тоа што ќе најде најубаво во својата нива и во своето лозје.
6
Кој запали оган па тој ги зафати трњето и изгори житото во снопје, во класот или на нивата, оној што го запали огнот треба да ја надомести штетата.
7
Кога некој ќе остави кај познат пари или работи на чување, па бидат украдени од неговата куќа, ако крадецот биде најден, треба да плати двојно.
8
Ако крадецот не биде најден, сопственикот на куќата нека се изведе пред судиите, за да се докаже како тој не ги спуштил своите раце врз имотот на својот ближен.
9
За секој прекршок на проневера - без оглед дали се работи за говедо, осле, ситен добиток, облека, или за која и да е изгубена работа за која се тврди: тоа е она! - спорот треба да биде изнесен пред судиите. Оној кого судиите ќе го прогласат за виновен нека му плати на другиот двојно.
10
Кога некој ќе довери на својот сосед: говедо, глава добиток, или какво и да е животинче, па тоа пцовиса, или се рани или некој го одвел, а да нема сведок,
11
заклетвата пред Господа нека одлучи меѓу двајцата дали чуварот посегна или не по имотот на својот ближен. Тоа нека му е достатно на сопственикот, а чуварот не е должен да надоместува.
12
Ако се најде дека тој го украл, треба да ја надомести штетата.
13
Ако ѕвер го раскина, нека го донесе за доказ, така што нема да даде оштета за раскинатото.
14
Кога некој позајми од својот сосед добиче на услуга, па тоа се рани или пцовиса додека сопственикот не беше со него, нека плати оштета.
15
Ако сопственикот беше со него, не му дава оштета; ама ако беше позајмено за орање, нека дојде по својата надница.”
16
„Ако некој заведе девојка, која не е свршена, и легне со неа, нека даде за неа откуп за женачка и нека ја земе за жена.
17
Ако нејзиниот татко одбие да му ја даде, заведникот треба да измери сребро во вредност на откупот за женење за девојката.”
18
„Не дозволувај да живее вражалка!
19
Секој што ќе легне со добиток, треба да биде казнет со смрт.
20
Кој ќе принесе жртва на кој и да е идол - освен на единствениот Бог - нека биде предаден на проклетството, целосно уништен.”
21
„Не го угнетувај придојденецот ниту му нанесувај неправда, зашто и самите бевте придојденци во Египетската Земја.
22
Не ги расплачувајте вдовиците и сираците!
23
Ако ги расцвилиш и тие извикаат кон Мене, задолжително ќе го послушам нивниот вик.
24
Ќе се распали Мојот гнев, и ќе ве погубам со меч, така вашите жени ќе останат вдовици а децата сирачиња.
25
Ако му позајмиш сребро на некој од Мојот народ, на сиромавиот што е кај тебе, не постапувај кон него како заемодавачот! Не му наметнувај данок!
26
Ако му ја земеш на својот сосед наметката во залог, треба да му ја вратиш пред зајдисонце.
27
Па тоа му е единствената покривка, со која го завиткува своето тело и во која може да легне. Ако извика кон Мене, ќе го послушам, зашто Јас Сум милостив.
28
Не хули го судијата и не пцуј го старешината на својот народ.
29
Не се двоуми со приносите од своето изобилство од гумното и од својот леб! Дај Ми го Мене првенецот од своите синови.
30
Исто направи со своите говеда и со ситниот добиток: нека остане со својата мајка седум денови, а на осмиот ден да Ми го дадеш Мене!
31
Бидете народ што Ми е посветен Мене! Затоа не јадете месо од животни растргани од ѕверови, туку фрлете им го на кучињата!”
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40