bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Exodus 34
Exodus 34
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 33
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 35 →
1
Господ му рече на Мојсеја: „Изделкај две камени плочи како и поранешните, па Јас ќе ги напишам на плочите зборовите што беа на првите плочи, кои ги скрши.
2
Биди готов до утре. Тогаш, наутро, искачи се на гората Синај, и таму, на врвот на гората, ќе стапиш пред Мене.
3
Никој друг нека не се качува со тебе; никој нека не се покаже никаде на гората. Ни овците, ниту говедата нека не пасат во подножјето на гората.”
4
Мојсеј изделка две камени плочи како и поранешните; рано наутро стана и се искачи на Синајската Гора, откако ги зеде во рацете двете камени плочи, како што му нареди Господ.
5
Господ слезе во облак, а тој застана пред Него и Го повика Името: „Јахве-Господ!”
6
Господ помина пред него па се јави: „Јахве! Господ! Бог дарежлив и милостив, долготрпелив на гнев, многумилостив и вистински,
7
искажува милост на илјадници, проштава опакост, грев и престап, но не остава неказнет виновник, туку ја казнува опакоста на татковците врз децата - и на внучињата до третото и четвртото поколение.”
8
Мојсеј веднаш падна на земја и се поклони.
9
Тогаш рече: „Господи мој! Ако придобив благонаклоност во Твоите очи, тогаш, о Господи, дојди со нас! Иако е народот со корав врат, прости ни ги нашите гревови и нашите опакости и прими нè за Свое наследство!”
10
„Добро - одговори - склучувам Завет. Пред сите твои луѓе ќе направам чудеса какви не се збиднуваат ниту во една земја, ниту во еден народ. Целиот народ, кој те опкружува, ќе види што може Господ, зашто она што ќе направам со тебе, ќе биде страшно.”
11
”И така, извршувај што ти наложувам денес! Ете, ќе ги протерам пред тебе Аморејците, Ханаанците, Хетејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.
12
Внимавај да не склучиш завет со жителите на земјата во која одиш; за да не бидат стапица во твојата средина.
13
Туку, разурнете ги нивните жртвеници, соборете ги нивните столбови, исечете им ги ашерите!
14
Зашто не смееш да се клањаш на друг бог. Па Господ - името Му е Ревнител - Бог е ревнив.
15
Не прави завет со жителите на онаа земја, за да не те повикаат тие, кога ќе блудствуваат со своите богови и кога ќе им принесуваат жртви, а ти се согласиш да јадеш од принесената жртва;
16
за да не ги земаш нивните девици за жени на своите синови, па тие да не ги поведат по себе и твоите синови, кога ќе блудствуваат со своите богови.”
17
„Не прави си леани богови!”
18
„Пази го празникот Бесквасни лебови - јадејќи пресен леб седум денови, како што ти наредив - во одреденото време во месецот Авив, зашто во месецот Авив излезе од Египет.
19
Секое првороденче на мајчиното крило Ми припаѓа Мене: секое машко, секое првородено на твојот ситен и крупен добиток.
20
Првороденото на ослицата откупи го со едно грло од ситниот добиток. Ако не го откупиш, треба да му го свиткаш вратот. А сите првороденци на своите синови откупувај ги. Никој да не стапува пред Мене со празни раце.”
21
„Шест дена работи, а на седмиот откажи се од работите, сеедно ако е и во доба на орање или во време на жетва.
22
Празнувај го празникот Седмици - на првите плодови на пченичната жетва - и празникот Берба на крајот на годината.
23
Трипати годишно сите машки нека се појават пред Господа Јахве, Израелевиот Бог.
24
Зашто ќе ги протерам народите пред тебе и ќе ги проширам твоите меѓи, па никој не ќе ја посака твојата земја кога трипати годишно ќе излегуваш да се покажеш пред Господа, твојот Бог.”
25
„Од жртвата што ми ја имаш наменето не принесувај крв со ништо потквасено; ниту ја оставај жртвата принесена на Пасха да преноќева до утре.
26
Во домот на Господа, својот Бог, донесувај ги најдобрите плодови на својата земја. Не вари го јарето во млекото на неговата мајка.”
27
„Запиши ги овие зборови - му рече Господ на Мојсеја - зашто тие се основи врз кои склучив Завет со тебе и со Израел.”
28
Мојсеј остана таму со Господа четириесет денови и четириесет ноќи. Ниту јадеше леб ниту пиеше вода. Тогаш ги напиша врз плочите зборовите на Заветот - Десетте заповеди.
29
Најпосле Мојсеј слезе од Синајската Гора. Слегувајќи од гората ги носеше во рацете плочите на Сведоштвото. Не знаеше дека од неговото лице, заради разговорот со Господа, блескаше светлина.
30
Кога Арон и сите Израелци видоа дека од Мојсеевото лице блеска светлина, не се осмелија да пристапат кон него.
31
Тогаш Мојсеј ги повика. Арон и сите старешини на заедницата дојдоа при него. И Мојсеј разговараше со нив.
32
Потоа и сите Израелци дојдоа при него, па тој им соопшти сè што му наложи Господ на Синајската Гора.
33
Кога Мојсеј го заврши разговорот со нив, спушти превез преку своето лице.
34
Кога влегуваше Мојсеј пред Господа, за да разговара со Него, го симнуваше превезот додека не излезеше пак. Кога излегуваше да им каже на Израелците што му е наредено,
35
Израелците гледаа како од Мојсеевото лице блеска светлина. Тогаш Мојсеј го навлекуваше пак превезот преку лицето додека не влезеше да говори со Господа.
← Chapter 33
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 35 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40