bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Isaiah 28
Isaiah 28
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 53
Chapter 54
Chapter 55
Chapter 56
Chapter 57
Chapter 58
Chapter 59
Chapter 60
Chapter 61
Chapter 62
Chapter 63
Chapter 64
Chapter 65
Chapter 66
Chapter 29 →
1
Тешко му на горделивиот венец на Ефремовите пијаници, на блескавиот накит на овенат цвет -на оние кои врз плодниот дол лежат испијанети со вино!
2
Еве, од Господа доаѓа еден силен и моќен, како пороен дожд со град, како разурнувачки виор, како истурување на облаците и поплава, и ги фрла со сета сила на земја.
3
Ќе биде изгазен со нозете горделивиот венец на Ефремовите пијаници,
4
и овенатиот цвет на неговиот блескав накит над плодните долини; ќе биде како смоква - ранка пред летото: штом некој ја забележува, веднаш ја бере.
5
Во оној ден, Господ над Воинствата ќе му стане круна на славата и сјаен венец на Остатокот на Својот народ -
6
Дух на правдата за оној кој седи на судска столица, и храброст за оној кој го одбива нападот на вратата.
7
Тие се занесуваат од вино се заблудуваат од жесток пијалак: свештениците и пророците се сопнуваат од жестокиот пијалак; победени од виното; обезумени од сикер; грешат во виденијата, се сопнуваат во судењето.
8
Сите трпези се полни со гнасни болваници, никаде нема чисто место!
9
„Кого учи тој на мудрост, кого упатува тој во учење? Зар децата одвикнати од млеко, одбиени од градите?
10
Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило малку тука, малку таму.”
11
Да, со пелтечави усни и на странски јазик ќе му се зборува на овој народ.
12
Тој ми рече: „Еве починка, оставете го заморениот да почине! Еве одмор!” Но не сакаа да послушаат.
13
Затоа Господ ќе им зборува вака: „Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило малку тука, малку таму.” За да паднат задничкум одејќи, за да се скршат, да се сплеткаат и да се фатат.
14
Затоа чујте го Господовото слово, вие потсмевачи, вие што владеете со овој народ, што е во Ерусалим.
15
Вие велите: „Склучивме сојуз со смртта и направивме спогодба со Подземјето. Кога ќе помине разурнувачкиот бич, не, нема да нè фатат, зашто од лагата си направивме засолниште и од измамата скривалиште.”
16
Затоа Господ Бог зборува вака: „Еве, поставувам одбран камен на Сион, скапоцен камен аголен, основник. Оној кој верува во него, не ќе пропадне.
17
И ќе ја земам правината за мерка, а правдата за мерилка.” И градот ќе ви го смете засолништето од лагата, а водата ќе ви го наводни скривалиштето;
18
ќе пропадне вашиот сојуз со смртта, вашата спогодба со Подземјето не ќе се додржи. Кога ќе помине разурнувачкиот бич, ќе ве сотре;
19
кога и да помине, ќе ве дофати; ќе поминува секое утро, дење и ноќе. И само гласот за него ќе внесува страв.
20
Постелата ќе биде прекуса за да се испружи човек, покривката претесна за да се завитка.
21
Да, како на гората Ферасим, Господ ќе стане, како во Гаваонската Долина, Тој ќе се разјари, за да го изврши Своето дело, чудесно дело, за да го исполни Својот наум, таинствен наум.
22
Откажете се од потсмевањето, за да не ве стегнат оковите посилно; зашто чув дека и е од Господа, од Господа над Воинствата, пресудено уништување на оваа земја.
23
Послушајте го и чујте го мојот глас, прислушнете ја внимателно мојата беседа.
24
Ора ли орачот секој ден, дали отвара бразди, дали влече брана во својата нива?
25
А кога ќе и ја израмни поврвнината, не сее ли грав, не турува ли ким? Пченица каде што треба, просо и јачмен, и најпосле ‘рж по рабовите?
26
Неговиот Господ го упатува, Тој го учи на вистинско дело.
27
Зашто гравот не се врши со брана, не со тркало врз кимот, туку гравот се врши со стап, а кимот се чука со прачка.
28
А дали се дроби житото? Не, не ќе го чукаш довека: врз него ќе спотераш колско тркало и коњи, но не ќе го здробиш.
29
И тоа доаѓа од Господа над Војските, со советот на Прекрасниот со мудроста на Великиот.
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 53
Chapter 54
Chapter 55
Chapter 56
Chapter 57
Chapter 58
Chapter 59
Chapter 60
Chapter 61
Chapter 62
Chapter 63
Chapter 64
Chapter 65
Chapter 66
Chapter 29 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52
53
54
55
56
57
58
59
60
61
62
63
64
65
66