bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Isaiah 30
Isaiah 30
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 29
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 53
Chapter 54
Chapter 55
Chapter 56
Chapter 57
Chapter 58
Chapter 59
Chapter 60
Chapter 61
Chapter 62
Chapter 63
Chapter 64
Chapter 65
Chapter 66
Chapter 31 →
1
Тешко им на одметничките синови! Господ говори: „Тие спроведуваат основи што не се Мои, склучуваат сојузи што не се по Мојот Дух и натрупуваат грев на грев.
2
Се запатија во Египет, не прашувајќи ја Мојата уста, за да прибегнат при фараоновото засолниште и за да се заштитат во сенката на Египет.
3
Фараоновото засолниште ќе ви биде за срам, и за срамота заштитата во сенката на Египет.
4
Ене ги неговите кнезови веќе во Соан, пратениците стигнаа во Ханес:
5
сите тие ќе се разочараат во неполезниот народ, не ќе им биде на помош ниту во полза, туку за срам и срамота.”
6
Пророштво за негевските животни: Низ земјата на неволја и беда, на лавицата и лавот што рика, на лутицата и на крилестиот змев, тие го носат богатството на плеќите на ослињата, и сокровиштата на грбот на камилата, им го носат на неполезниот народ.
7
Зашто е суетна и ништожна помошта на Египет затоа и го наречувам: Рахав - самофалец, кој само седи.
8
Сега напиши на даска и запиши во книжен свиток, за да им остане сведоштво на идните времиња.
9
Ова е непокорен народ, лажливи синови, синови кои не сакаат да го слушаат Господовиот Закон.
10
На гледачите тие им велат: „Откажете се од гледањето!” а на пророците: „Не пророкувајте ја вистината! Претскажувајте што ни е пријатно, пророкувајте ни предвидувања!
11
Свртите од патот, отклонете се од патеката, отстранете ни го од пред очи Израелевиот Светец!”
12
Затоа вака вели Израелевиот Светец: „Зашто го отфрлате ова слово, а се надевате на нечесност и измама, и се потпирате врз нив,
13
тој грев ќе ви биде како распуканица, надуена високо на ѕидот, што се заканува со паѓање:
14
да се урне како што се крши глинениот сад, па меѓу неговите парчиња не ќе се најде ни парченце за да земеш жар од огништето или да зафатиш вода од кладенецот.”
15
Зашто вака зборува Господ Господ, Израелевиот Светец: „Во враќање и почивање е вашето спасение, во смирена надеж е вашата сила,” но вие не сакавте.
16
Рековте: „Не! Ќе избегаме на коњите!” - и затоа, ќе бегате! „Ќе јаваме на брзи коњи!” - и затоа, вашите непријатели ќе бидат побрзи!
17
Ќе избегате илјада од вас кога еден ќе ви се закани, ако ви се заканат петмина ќе се нафрлите во бегање додека не остане од вас како разголено дрво на врвот на гората или како знаме на брег.
18
Но Господ чека час за да ви се смилува, и по таа причина да ви искаже милост, зашто Господ е праведен Бог - блазе им на сите кои Го чекаат Него.
19
Да, сионски народе, кој живееш во Ерусалим, не плачи веќе! Штом го чуе твојот пискот, веднаш ќе ти се смили; штом ќе те чуе, ќе те послуша.
20
Господ ќе ве храни со лебот на тешкотијата, ќе ве пои со вода на неволјата, но веќе нема да се крие твојот Учител - очите ќе ти Го гледаат твојот Учител.
21
И твоите уши ќе чујат слово како зборува зад тебе: „Тоа е патот, одете по него”, било да тргнувате надесно или налево.
22
Ќе ги сметаш за нечисти своите сребрени ликови; ќе ги отфрлиш како нечистота и ќе им речеш: „Надвор!”
23
А Тој ќе му даде дожд на твоето семе што ќе го посееш во земјата, и лебот што ќе го роди земјата ќе биде во изобилство и хранлив. Во оној ден, твојот добиток ќе пасе по широки пасишта.
24
Воловите и ослиците што ја обработуваат земјата ќе јадат посолена крма, веана со лопата и веалка.
25
И на секоја гора и на секој возвишен брег ќе има потоци и рекички - во денот на силниот колеж кога ќе се уриваат стражарниците.
26
Тогаш светлината на месечината ќе биде како сончевата светлина, а сончевата светлина ќе стане седумпати посилна, како светлината на седум денови - во денот кога Господ ќе го излечи скршеното, кога ќе ги излечи раните од Своите удари.
27
Ете, Името на Господа доаѓа оддалеку, Неговиот гнев гори, димот е неиздржлив. усните Му се полни со јарост, јазикот Му е оган што голта.
28
Здивот Му е како збуен поток што достига до грлото. Тој доаѓа да ги просее народите во погубувачкото решето, да стави узди за заблудување во челустите на народите.
29
Тогаш песната ќе ви биде како во празничните ноќи, кога срцата се веселат како во оној кој покрај звуците на кавалот се искачува со чест на Господовата Гора, кон Израелевата Стена.
30
Господ ќе загрми со величествен глас, и ќе ја покаже Својата рака што удира во јаросен гнев, среде гибелен оган, од буроносен пороен дожд и од крупен град.
31
Од Господовиот глас ќе се исплаши Асирецот, шибнат со рачка.
32
И секогаш кога ќе го удри казнената прачка, со која Господ ќе го нашиба, нека се разгласат тапаните и гуслињата - Тој војува со нив во сиот ек на бојот!
33
Одамна е приготвен Тофет, за царот приготвен; - куп дрва висок, широк, многу оган, многу дрва. Здивот на Господовиот гнев, како сулфурен поток, ќе го изгори.
← Chapter 29
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 53
Chapter 54
Chapter 55
Chapter 56
Chapter 57
Chapter 58
Chapter 59
Chapter 60
Chapter 61
Chapter 62
Chapter 63
Chapter 64
Chapter 65
Chapter 66
Chapter 31 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52
53
54
55
56
57
58
59
60
61
62
63
64
65
66