bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Jeremiah 3
Jeremiah 3
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 4 →
1
Зборуваат: ‘Ако мажот ја отпушти својата жена и таа си отиде од него, та се омажи за друг, има ли уште право да се врати кај него? Не е ли таа жена сосем осквернета?’ А ти блудствуваше со многу љубовници, па да Ми се вратиш Мене? - говори Господ.
2
Подигни ги очите кон голините и погледај: каде тоа не те оскверниле? На патиштата ги пречекуваше како Арабјанец во пустината. Ти ја оскверни земјата со својот блуд и со својата нечесност,
3
затоа и дождовите прекратија, и доцните дождови не паднаа. Челото ти е како во блудница: не се ни зацрвени.
4
Не Ми викаш ли сега: ‘Татко мој, ти си пријател на мојата младост!
5
Дали засекогаш ќе пламнееш и вечно ли ќе тлее твојот гнев?’ Така зборуваш, а и натаму правиш зла, колку што можеш.”
6
Господ ми рече во деновите на царот Јосиј: „Виде ли што направи одметничката Израел? Таа оди на секоја висока гора и под секое зелено стебло и таму му се предава на блудството.
7
А Јас мислев: ‘По сè што ќе направи, ќе Ми се врати Мене.’ Но таа не се враќа. И тоа го виде нејзината сестра, неверницата Јудеја.
8
А виде и како ја отпуштив одметничката Израел заради сите прељуби и и дадов отпустен книжен свиток. Но сестра и, неверницата Јудеја, не се исплаши ни малку, па и таа сврте во блудство.
9
И со своето лесноумно блудство ја обесчести земјата; правеше прељуба со камења и со дрва.
10
И после сè тоа не се врати кај Мене нејзината сестра неверница, Јудеја, со сето свое срце, туку само лажно - Господово слово е.
11
И ми рече Господ: „Одметничката Израел поправедна е од неверницата Јудеја.
12
Оди и викај ги кон Север овие зборови. Речи: ‘Врати се, одметничке, Израелу, говори Господ. Не се гневи веќе Моето лице на вас, зашто Сум милостив - говори Господ, не ќе се гневам довека.
13
Само признај ја својата кривица дека се одметна од Господа, твојот Бог, и дека заскита кон туѓинците, под секое зелено дрво, и не го слушаше Мојот глас - говори Господ.
14
Вратете се, синови одметници - говори Господ - зашто Јас Сум вашиот Господар. Ќе ве земам, по еден од секој град, по двајца од секој род, да ве одведам на Сион.
15
И ќе ви дадам пастири според Своето срце, кои ќе ве пасат разумно и мудро.
16
А кога во тие дни ќе се намножите и народите во земјата - Господово слово е - веќе нема да се зборува: ‘Ковчег на Господовиот Завет’ и никој не ќе мисли на него, никој не ќе си спомнува за него, ниту ќе копнее по него, ниту ќе го гради повторно.
17
Во тоа време Ерусалим ќе се вика: ‘Господов Престол;’ и сите народи ќе се соберат во него во Господово Име, и ниеден веќе не ќе се поведува по своето расипано срце.
18
Во оние денови Јудиниот дом ќе се сложува со Израелевиот дом; и заедно ќе тргнат од Северната Земја, во земјата што им ја дадов во наследство на вашите татковци.
19
А јас реков: ‘Како да те вбројам меѓу синовите и да ти ја дадам земјата на сласта, наследството, најубавиот бисер меѓу народите!’ Помислив: ‘Ти ќе ме викаш: „Татко мој!” и веќе не ќе отстапиш од Мене.’
20
Но како што жената го изневерува својот маж, така и вие Ме изневеривте Мене, Израелев дому - говори Господ.
21
Чуј! По високите голини се слуша плач, викање за помош на Израелевите деца, зашто свртија од својот пат. Го заборавија Господа, својот Бог.
22
Вратете се, синови, што се одвративте, ќе ги исцелам вашите одметништва!” - Еве, доаѓаме кај тебе, зашто Ти си Господ, нашиот Бог!
23
Навистина, измамливи се висовите, врева по ридовите. Навистина, во Господа, нашиот Бог, е Израелевото спасение!
24
Ваал го проголта трудот на нашите татковци уште од нашата младост: нивните овци и говеда, нивните ќерки и синови.
25
Да легнеме во својот срам, нека нè покрие нашето засрамување! Зашто на Господа, својот Бог, Му згрешивме, ние и нашите татковци, од својата младост до денешниот ден, и не го слушаме гласот на Господа, нашиот Бог.”
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52