bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Jeremiah 52
Jeremiah 52
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 51
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
1
Седекија беше на дваесет и една година кога се зацари, а царуваше единаесет години во Ерусалим. Името на мајка му и беше Амутала, ќерка на Еремија, а беше од Ливна.
2
Правеше што е зло во Господовите очи, сè како што правеше Јоаким.
3
Тоа му се случи на Ерусалим заради Господовиот гнев; најпосле Господ и ги отфрли од пред Своето лице.
4
Во деветтата година на неговото царување, во десеттиот ден на десеттиот месец, тргна самиот вавилонски цар Навуходоносор со сета своја војска против Ерусалим. Се влогори пред градот и го опаша со окопи.
5
Градот остана опколен сè до единаесеттата година на Седекиевото царување.
6
Во деветтиот ден на четвртиот месец, кога во градот завладеа таква глад така што простиот народ немаше ни леб,
7
непријателот навлезе во градот. Тогаш царот и сите воини избегаа ноќе низ вратата меѓу два ѕида над Царската Градина - Халдејците го беа опколиле градот - и тргнаа по патот кон Араба.
8
Халдејските чети тргнаа по нив во потера и го стигнаа Седекија во Ерихонските Полиња, а сета негова војска се разбега.
9
И Халдејците го фатија царот и го одведоа во Ривла, во Ематската Земја, пред вавилонскиот цар, кој му ја изрече пресудата.
10
Ги искла Седекиевите синови пред неговите очи, ги погуби во Ривла сите Јудини кнезови;
11
на Седекија му ги ископа очите и го окова во бронзени окови и го одведе во Вавилон, каде што го држеше во темница сè до неговата смрт.
12
Во десеттиот ден на петтиот месец - во деветнаесеттата година на царувањето на Навуходоносор, вавилонскиот цар - во Ерусалим дојде Невузардан, началник на телохранителите.
13
Тој ги запали Господовиот Дом, царскиот дворец и сите куќи во Ерусалим, особено куќите на угледните луѓе;
14
халдејските чети, под заповедникот на телесната стража, ги разурнаа ѕидовите околу Ерусалим.
15
Невузардан, началникот на телохранителите, го одведе во ропство Остатокот на народот што беше останал во градот, а така и пребегалците кај вавилонскиот цар и другото мноштво.
16
Некои од најбедните луѓе Невузардан ги остави во земјата како лозари и земјоделци.
17
Халдејците ги скшија бронзените столбови во Господовиот Дом, подножјата и бронзеното море во Господовиот Дом, а бронзата ја однесоа во Вавилон.
18
Ги зедоа и грнците, лопатите, ножевите, и воопшто сиот бронзен прибор што се употребуваше за богослужбите.
19
Заповедникот ги зеде и мијалникот, кадилниците, прскалниците, грнците, светилниците, чиниите, жртвените чаши, воопшто сè што беше од злато и сребро,
20
два столба, едно море и дванаесет бронзени волови под морето, подножјата што царот Соломон ги даде да бидат изработени за Господовиот Дом. Не е можно да се процени колку бронза имаше во сите тие предмети.
21
Првиот столб беше висок осумнаесет лакти - можеше да го опфати јаже од дванаесет лакти - беше дебел четири прсти, а внатре празен.
22
Имаше глава од бронза, висока пет лакти; и ја обвиваа мрежа и калинки, а сè од бронза. Таков беше и вториот столб.
23
А девеесет и шест калинки висеа слободно. Сè на сè во таа плетеница имаше околу сто калинки.
24
Заповедникот на стражата го одведе првосвештеникот Серај, вториот свештеник Софониј, и тројцата чувари на прагот.
25
Од градот ги одведе: еден дворјанец, воен началник; седум луѓе од царската придружба, кои се најдоа во градот; писарот на заповедникот на војската, кој собираше воини од народот и шеесет жители, кои се најдоа исто така во градот.
26
Заповедникот на телесната стража Невузардан ги одведе пред вавилонскиот цар во Ривла.
27
И вавилонскиот цар нареди да ги погубат во Ривла, во Ематска Земја. Така го иселија јудејскиот народ од неговата земја.
28
Еве го бројот на луѓето кои Навуходоносор ги одведе во пленство: во седмата година три илјади и дваесет и три Јудејци;
29
во осумнаесеттата година Навуходоносорова: осумстотини триесет и две души од Ерусалим;
30
во дваесет и третата Навуходоносорова година, Невузардан, началникот на телохранителите, одведе седум стотини четириесет и пет Јудејци. Вкупно: четири илјади и шест стотини души.
31
А во триесет и седмата година откако беше заробен јудејскиот цар Јоахин, во дваесет и петтиот ден на дванаесеттиот месец, вавилонскиот цар Евил Меродах, во првата година на своето владеење, го помилува јудејскиот цар Јоахин и го пушти од темница.
32
Разговараше љубезно со него и столицата му ја постави повисоко отколку на другите цареви кои беа со него во Вавилон.
33
Јоахин ги остави своите темнички облеки и јадеше со царот на истиот стол за време на сиот свој век.
34
До крајот на неговиот живот, сè до смртта, вавилонскиот цар му даваше трајно, од ден во ден, издржување.
← Chapter 51
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52