bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Leviticus 1
Leviticus 1
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 2 →
1
Господ го повика Мојсеја и му рече од Шаторот на средбата:
2
„Говори им на Израелевите синови и кажи им: ‘Кога некој од вас сака да Му принесе на Господа жртва од добитокот, нека ја принесе или од крупниот или од ситниот добиток.
3
Ако неговиот принос за жртвата паленица биде од крупниот добиток, нека принесе машко без недостаток. Нека го доведе кон влезот на Шаторот на средбата, за да биде примен пред Господа.
4
Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината.
5
Потоа нека заколе јунец пред Господа. А Ароновите синови, свештениците, нека ја принесат крвта. Нека ги прскаат со неа сите страни на жртвеникот што стои пред влезот на Шаторот на средбата.
6
Потоа нека ја одерат жртвата и нека ја насечат на делови.
7
Ароновите синови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот и нека стават дрва во огнот.
8
Потоа Ароновите синови, свештениците, нека ги наредат деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот.
9
Внатрешноста и нозете нека бидат измиени со вода, и свештеникот нека изгори сè на жртвеникот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’
10
‘Ако некој сака да принесе жртва паленица од ситниот добиток - од овците или од козите - нека принесе машко без недостаток.
11
Нека го заколе пред Господа, на северната страна на жртвеникот. А Ароновите синови, свештениците, нека го испрскаат со крв жртвеникот од сите страни.
12
Потоа нека ја насечат на делови, а свештеникот нека ги нареди деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот.
13
Внатрешноста и нозете нека бидат измиени во вода. Тогаш свештеникот нека принесе сè и нека го изгори на жртвеникот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’
14
‘Ако сака да Му принесе на Господа птици како паленица, тогаш нека принесе грлица или гулапче.
15
Свештеникот нека ја принесе кон жртвеникот и, откако ќе и го свитка вратот, нека ја скине главата и ја изгори на жртвеникот, а крвта нека ја исцеди отстрана на жртвеникот.
16
Нека и ги отстрани вратот и перјата и нека ги фрли на источната страна на жртвеникот, во местото за пепелта.
17
Нека ја расече во должина на двете крила, но нека не ги одделува: и свештеникот нека ја изгори на жртвеникот, врз дрвата што се во огнот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27