bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Leviticus 18
Leviticus 18
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 19 →
1
Господ му рече на Мојсеја:
2
„Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Јас Сум Господ, ваш Бог.
3
Не правете како што се прави во Египетската Земја, каде престојувавте; ниту правете како што се прави во Ханаанската Земја, каде ве водам; не поведувајте се по нивните обичаи!
4
Исполнувајте ги Моите закони; исполнувајте ги Моите заповеди; одете според нив. Јас Сум Господ, ваш Бог.
5
Затоа, пазете ги Моите закони и Моите наредби: кој ќе ги исполнува, ќе биде жив. Јас Сум Господ!’
6
‘Никој од вас нека не и се доближува на крвна роднина, за да ја открие нејзината голота. Јас Сум Господ!
7
Не откривај ја голотата на татка ти ни голотата на мајка ти. Мајка ти е, не ја откривај нејзината голота.
8
Не ја откривај голотата на жената на татка ти; тоа е голота на твојот татко!
9
Не ја откривај голотата на сестра си - на ќерката на татка ти или на ќерката на мајка ти - било да е родена во куќата или надвор од неа!
10
Не ја откривај срамотата на ќерката на твојот син, ниту на ќерката на твојата ќерка! Па нивната срамота е твоја сопствена срамота.
11
Не откривај ја голотата на ќерката на жената на татка ти! Зашто, родена од татка ти, таа ти е сестра.
12
Не откривај ја голотата на сестрата на твојот татко! Па таа е крв на татка ти.
13
Не откривај ја ни срамотата на сестрата на мајка ти! Па и таа е крв на твојата мајка!
14
Не откривај ја срамотата на татковиот брат! И не приближувај и се на неговата жена; таа е твоја стрина.
15
Не откривај ја голотата на твојата снаа! Таа е жена на сина ти. Не ја откривај нејзината голота.
16
Не ја откривај голотата на жената на твојот брат! Тоа е голота на брата ти.
17
Не ја откривај голотата на некоја жена и на нејзината ќерка! Не жени се со ќерката на нејзиниот син, ниту со ќерката на нејзината ќерка, за да им ја откриеш голотата; тие и се еднокрвни; тоа е беззаконие.
18
Не земај за себе некоја жена заедно со сестра и, за да и ја направиш соперничка; за да и ја откриеш преку неа, голотата, додека оваа е жива.’
19
‘Не приближувај и се на жена кога е во нечистотата на својот месечен ред, за да и ја откриеш голотата!
20
Не легнувај со жената на твојот ближен; ќе се онечистиш со неа.
21
Не дозволувај некое твое дете да му биде жртвувано на Молоха; не го обесчестувај името на твојот Бог. Јас Сум Господ!
22
Не легнувај со маж како што се легнува со жена, тоа е гнасно и одвратно.
23
Да не си легнал ниту со некое животно, ќе се онечистиш од него. И жената не смее да застане пред животно, за да се спари со него. Тоа е гнасно и бесрамно.’
24
‘Не се онечистувајте со ништо од тоа! Со сè тоа се онечистуваат народите, што Јас ги гонам пред вас.
25
И земјата стана нечиста. Затоа ќе ја казнам за нејзините гревови, па земјата ќе ги изблува своите жители.
26
Вие пак пазете ги Моите заповеди и Моите закони: не правете ниту едно од тие гнасни нешта - ни вие ни странецот, што живее меѓу вас.
27
Зашто сите тие гнасотии ги правеа луѓето на оваа земја, што е пред вас; и земјата стана загадена;
28
за да не ве изблува и вас земјата од себе, кога вие ќе почнете да ја загадувате, како што таа ги изблува народите, кои беа пред вас.
29
Ако некој ги прави сите тие гадости; душите на тие кои го прават тоа ќе бидат истребени од својот народ.
30
Затоа пазете ги Моите повелби, за да не постапувате според гнасните обичаи, според кои постапуваа пред вас, и за да не се онечистите со нив. Јас Сум Господ, ваш Бог!’”
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 19 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27