bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Revelation 16
Revelation 16
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 17 →
1
И чув силен глас од храмот, како им зборува на седумте ангели: „Одете и излејте ги седумте чаши на Божјиот гнев на земјата!”
2
И првиот отиде и ја излеа својата чаша на земјата: и се појави лоша и лута рана на луѓето, кои ја имаа ознаката на Ѕверот и кои му се поклонуваа на неговиот лик.
3
И вториот ја излеа својата чаша во морето: и стана како крв од мртовец и умре секое живо суштество во морето.
4
И третиот ја излеа својата чаша во реките и во водните извори: и тие станаа крв.
5
И го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, и Кој си бил, зашто пресуди така;
6
зашто тие ја пролеаја крвта на светите и на пророците, и крв им даде да пијат, тоа го заслужуваат!”
7
И чув друг ангел од жртвеникот да зборува: „Да, Господи Боже, Сèмоќен, Твоите судови се вистински и праведни!”
8
И четвртиот ја излеа својата чаша на сонцето: и му беше дадено да ги пали луѓето со оган.
9
И луѓето, горејќи од големата жега го похулија името на Бога, Кој има власт над овие зла, и не се покајаа да Му воздадат слава.
10
И петтиот ја излеа својата чаша врз престолот на Ѕверот и царството му се помрачи и ги гризеа своите јазици од мака.
11
И Го похулија небесниот Бог, заради своите маки и рани, и не се покајаа од своите дела.
12
И шестиот ја излеа својата чаша врз големата река Еуфрат: и пресуши неговата вода, за да им се приготви патот на царевите од исток на сонцето.
13
И видов како од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегуваат три нечисти духа како жаби;
14
имено, тоа се демонски духови, кои прават чуда и одат при царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во великиот ден на Бога Сèмоќниот.
15
И ете, идам како крадец; блажен е оној, кој бдее и ги пази своите облеки, за да не оди гол и да не се гледа неговиот срам.
16
И ги собра на местото на еврејски наречено Армагедон” (Рид на Мегидо).
17
И седмиот ја излеа својата чаша во воздухот: и од храмот излезе силен глас, од престолот, велејќи: „Се заврши!”
18
И настанаа молњи и гласови и громови, и настана голем земјотрес, каков никогаш не бил, откако се луѓето на земјата; таков земјотрес, толку силен.
19
И големиот град се раздели на три дела, и градовите на народите паднаа. И големиот Вавилон се спомна пред Бога, за да му се даде чашата со виното на Неговиот јаростен гнев.
20
И сите острови побегнаа, и горите веќе не се наоѓаа.
21
И голем град - тежок колку еден талант, падна од небото на луѓето, а луѓето Го похулија Бога, заради ова зло од градот, зашто неговото зло беше многу големо.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22