bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Revelation 9
Revelation 9
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 10 →
1
И петтиот ангел затруби: и видов ѕвезда, што падна од небото на земјата, и и беше даден клучот од кладенецот на Бездната.
2
И го отвори кладенецот на Бездната, и од кладенецот се издигна дим, како дим од голема печка, а сонцето и воздухот потемнеа од димот на изворот.
3
И од димот излегоа скакулци по земјата, па им беше дадена сила, каква имаат земните скорпии.
4
И им беше речено: да не ја повредуваат земната трева, ниту некакво зеленило, ниту некакво дрво, туку само оние луѓе, кои немаат Божји печат на своите чела.
5
И им беше дадено да не ги убиваат, туку да ги мачат пет месеци; и нивното мачење беше како измачување од скорпија, кога каснува човек.
6
А во тие дни луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; ќе сакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.
7
А скакулците по својот облик - личеа на коњи, приготвени за војна: а на нивните глави беа круни слични на злато, а лицата им беа како човечки лица.
8
И имаа коси како женска коса, а забите им беа како на лавови;
9
имаа оклопи како железни оклопи, а шумот на нивните крила беше како татнеж на воени коли со многу коњи, кои итаа во бој.
10
И имаа опашки и осила како кај скорпиите; а во нивните опашки беше нивната сила да им пакостат на луѓето пет месеци.
11
Над себе го имаа за цар ангелот на Бездната, кому името на еврејски јазик е Авадон (Погубител), а на грчки се вика Аполион.
12
Едно зло помина, и еве, доаѓаат уште две зла по него.
13
И шестиот ангел затруби: и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник пред Бога,
14
како му зборува на шестиот ангел, кој имаше труба: „Одврзи ги четирите ангела, кои се врзани при големата река Еуфрат!”
15
И беа одврзани четирите ангела, приготвени за час, за ден, за месец и за година, да убијат третина од луѓето.
16
А бројот на војувачките коњаници беше двеста милиони - го чув нивниот број.
17
И во привидот вака ги видов коњите и оние, кои седеа на нив: имаа огнени оклопи, и синкасти и сулфурни; а главите на коњите личеа на глави на лавови, и од нивните усти излегуваа оган и дим и сулфур.
18
Од овие три зла - од огнот, од димот и од сулфурот, што излегуваа од нивните усти, загина третина од луѓето.
19
Зашто силата на коњите беше во нивните усти и во нивните опашки: имено, нивните опашки се слични на змиите, имаат глави и пакостат со нив.
20
А другите луѓе, кои не загинаа од овие зла, не се покајаа за делата на своите раце, да не им се поклонуваат на бесовите и на златните, сребрените, бронзените, камените и дрвените идоли, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту да одат.
21
И не се покајаа за своите убиства, ниту за своите вражања, ниту за своите блудства, ниту за своите кражби.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22