bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Romans 10
Romans 10
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 11 →
1
Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бога за нив е: да се спасат.
2
Зашто, сведочам за нив, дека имаат ревност за Бога, но без правилно знаење.
3
Имено, не знаејќи, што е Божјата правда и сакајќи да ја воспостават својата сопствена, не и се покорија на Божјата правда.
4
Зашто Христос е свршетокот на Законот, за правда на секој, кој верува.
5
Зашто, Мојсеј пишува за праведноста, која е од Законот: „Човекот, кој ја исполнува, ќе живее од неа.”
6
А праведноста, која е од верата, зборува вака: „Да не речеш во своето срце: „Кој ќе се искачи на небото?” односно, да Го симне Христа;
7
или: „Кој ќе слезе во бездната?” односно, да Го изведе Христа од мртвите!
8
Но што зборува таа: „Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце,” односно, словото на верата, која ја проповедаме.
9
Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.
10
Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение,
11
зашто Писмото вели: „Секој, кој верува во Него, нема да се засрами.”
12
Но нема разлика меѓу Јудеец и Грк; зашто еден и ист е Господ на сите; богат за сите, кои Го повикуваат,
13
зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.”
14
Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?
15
И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: „Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!”
16
Но сите не го послушаа Евангелието, зашто Исаија вели: „Господи, кој и поверувал на нашата проповед?”
17
И така, верата доаѓа од слушањето, а слушањето од Христовото слово.
18
Но велам: „Зар тие не слушнаа?” Напротив: „Гласот им излезе по целата земја, и нивните зборови до крајот на светот.”
19
Пак прашувам: „Зар Израел не разбра? Мојсеј прв рече: „Јас ќе предизвикам ревност во вас - преку оние, што не се народ и ќе разбудам во вас гнев, против еден неразумен народ.”
20
А Исаија пак се осмелува да рече: „Ме најдоа оние, кои не Ме бараа, и им се јавив на оние, кои не прашуваа за Мене.”
21
А за Израел говори: „Цел ден ги протегав Своите раце кон народ непослушен и противречлив.”
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16