bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Romans 9
Romans 9
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 10 →
1
Зборувам вистина во Христа - не лажам - мојата совест ми сведочи за тоа во Светиот Дух,
2
дека ми е многу жал и дека срцето ме боли непрестано.
3
Имено, би сакал да бидам самиот - како проколнат - одвоен од Христа, за моите браќа, за моите роднини по тело,
4
кои се Израелци; на кои им припаѓаат: посинувањето и славата, заветите и законодавството, богослужението и ветувањата;
5
чии се и татковците, од кои потекнува и Христос по тело, Кој е Бог над сите, благословен во сите векови! Амин!
6
Но не треба да се мисли дека пропадна Божјото слово; зашто не сите, кои водат потекло од Израел, се вистински Израелци,
7
ниту сите се Авраамови деца, затоа што се негово потомство; но „во Исака ќе се нарече Твоето семе,”
8
тоа значи: дека сите деца по тело не се Божји деца, туку децата на ветувањето се сметаат за потомство.
9
А словото на ветувањето е ова: „Ќе дојдам во ова време, и Сара ќе има син.”
10
Но не само таа, туку и Ревека, која зачна од еден, од нашиот татко Исак.
11
Зашто уште додека не беа ни родени близнаците, ниту направиле нешто добро или зло; за да остане онака како што Бог определил по свој избор, да не зависи од делата, туку од Оној Кој повикува;
12
нејзе и беше речено: „Поголемиот ќе му служи на помалиот,”
13
како што е напишано: „Јакова го возљубив, а Исава го замразив.”
14
И така, што ќе речеме? Има ли неправда во Бога? Да не биде!
15
Зашто му вели на Мојсеја: „Ќе го помилувам, кого го милувам и ќе го сожалам, кого го сожалувам.”
16
Според тоа, не зависи од оној, кој сака; ниту од оној, кој трча, туку од милостивиот Бог.
17
Зашто Писмото му вели на фараонот: „Имено, затоа те издигнав, за да ја покажам Мојата сила во тебе и за да се разгласи Моето име по целата земја.”
18
Па така: му искажува милост кому сака, а кого сака го прави корав.
19
Сега, ти ќе ми речеш: „Тогаш, зошто укорува? Зашто, кој може да му се воспротиви на Неговиот совет?”
20
Та кој си ти, о човеку, да одговараш против Бога? Зар ракотворбата ќе му рече на својот творец: „Зошто си ме направил така?”
21
Или зар грнчарот нема власт над глината: од истата смеса да направи еден сад за чесна, а друг за нечесна употреба?
22
А што ако Бог - сакајќи да го покаже Својот гнев и да ја пројави Својата сила - со големо долготрпение, ги трпел садовите на гневот, приготвени за погибел,
23
за да го пројави истовремено богатството на Својата слава над садовите на милоста, што ги приготвил отпорано за слава;
24
како такви, нè повика и нас, не само од Јудејците, туку и од народите,
25
како што вели и кај Осија: „Народ, кој не е Мој народ, ќе го наречам Мој; и онаа, која не е возљубена, ќе ја наречам возљубена,”
26
и така ќе се случи дека на местото, каде им беше речено: „Вие не сте Мој народ,” таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог.”
27
А Исаија вика за Израел: „Иако бројот на Израелевите синови е колку морскиот песок, ќе се спаси само Остатокот,
28
зашто Господ ќе го спроведе Својот збор на земјата и ќе го заврши брзо.”
29
И како што прорече Исаија: „Ако Господ над Воинствата не ни остави потомство, ќе бевме како Содом и ќе станевме слични на Гомор.”
30
И така, што ќе кажеме? Народите - кои не се стремеа кон праведноста, ја примија праведноста, и тоа праведноста која е преку верата;
31
а Израел - стремејќи се кон законот на праведноста, не стигна до Законот.
32
Зошто? Зашто не настојуваше да го постигне со верата, туку со делата на Законот; се сопна од каменот на сопнување,
33
како што е напишано: „Еве, на Сион поставувам камен за сопнување и стена на соблазан; и кој верува во Него, нема да се посрами.”
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16