bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ruth 1
Ruth 1
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 2 →
1
Во она време, кога управуваа судиите, настана глад во земјата. И еден човек од Витлеем Јудејски отиде да живее во Моавските полиња, заедно со жена си и двајцата синови свои.
2
Името на тој човек му беше Елимелех, името на жена му – Ноемина, а двајцата синови негови се викаа Малон и Хелеон: тие беа од Еуфрат, од Витлеем Јудејски. И дојдоа во Моавските полиња и останаа таму.
3
Елимелех, мажот на Ноемина, умре, и таа остана со двајцата синови свои.
4
Тие си зедоа за жени Моавки, – на едната името ѝ беше Орфа, а на другата – Рут; и живееја таму околу десет години.
5
Но подоцна и обајцата синови нејзини, Малон и Хелеон, умреа, и остана таа жена без двајцата синови свои и без мажот свој.
6
Тогаш таа се крена со снаите свои и се врати од Моавските полиња, бидејќи беше чула во Моавските полиња дека Бог го посетил Својот народ и му дал леб.
7
И таа тргна од она место, каде што живееше, и двете снаи нејзини со неа. Кога одеа по патот, враќајќи се во Јудејската земја,
8
Ноемин им рече на двете свои снаи: »Одете и вратете се секоја во татковата си куќа; Господ нека ви направи милост, според тоа како постапувавте со покојните и со мене!
9
Нека ви даде Господ да најдете прибежиште секоја во куќата на својот маж!« И ги бакна. Но тие повикаа, и заплакаа, па
10
ѝ рекоа: »Не, ние ќе се вратиме со тебе при твојот народ.«
11
А Ноемин рече: »Вратете се, ќерки мои; зошто ќе доаѓате со мене? Зар уште имам во утробата своја синови, кои би ви станале мажи?
12
Вратете се, ќерки мои, одете си, бидејќи сум веќе стара и не можам да се омажам; па и да речев: ‚уште имам надеж‘, и дури оваа ноќ да се омажам и подоцна да родам синови,
13
ќе можете ли да чекате, додека да пораснат? Можете ли да се одржите да не се омажите? Не, ќерки мои, многу ми е жал за вас, зашто раката Господова ме порази.«
14
Тие повикаа и пак заплакаа. И Орфа се прости со свекрвата своја и се врати при родот свој, а Рут остана со неа.
15
Ноемина ѝ рече на Рут: »Ете, јатрвата ти се врати при родот свој и при боговите свои; врати се и ти по јатрвата своја.«
16
Но Рут одговори: »Не ме принудувај да те оставам и да се одделам од тебе; но каде што ќе одиш ти, таму ќе дојдам и јас, и каде ќе живееш ти, таму ќе живем и јас; твојот народ ќе биде мој народ, и твојот Бог – мој Бог;
17
и каде што ќе умреш ти, таму и јас ќе умрам и ќе бидам погребана; Господ нека ми го направи тоа и нешто повеќе нека додаде; само смртта ќе ме раздели од тебе.«
18
Ноемина, откако виде дека таа цврсто е решена да отиде со неа, престана да ѝ зборува.
19
И одеа тие двете, додека стигнаа до Витлеем, целиот град се раздвижи поради нив, и рекоа: »Ова ли е Ноемина?«
20
Таа им рече: »Не ме викајте Ноемина, викајте ме Мара, зашто Седржителот ми испрати голема горчевина.
21
Јас излегов одовде заможна, а Господ ме врати со празни раце: зошто да ме викате Ноемин, кога Господ ме принуди да страдам, и Седржителот ми испрати несреќа?«
22
И Ноемина се врати, а заедно со неа и снаата нејзина, Моавката Рут, кој дојде од Моавските полиња; тие пристигнаа во Витлеем, кога беше почнала јачменовата жетва.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4