bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ruth 4
Ruth 4
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
1
Воз излезе пред градските порти и таму седна. И ете, минува оној роднина, за кого говореше Воз. И му рече: »Наврати и седни тука!« Тој наврати и седна.
2
Воз повика десетина од градските старешини и рече: »Седнете тука!« И тие седнаа.
3
И Воз му рече на роднината: »Ноемин, која што се врати од моавските полиња, го продава делот од нивата, која му припаѓа на братот наш Елимелех;
4
јас решив да ти јавам и да ти кажам: ‚Купи го пред седнативе тука и пред старешините на мојот народ ако сакаш да го откупиш, откупи го; ако, пак, не решиш да го откупиш, кажи ми, за да знам, зашто, освен тебе, нема кој да го откупи, а по тебе сум јас.‘« Тој одговори: »Јас ќе го откупам.«
5
Воз рече: »Штом ја откупуваш нивата од Ноемин, треба да купиш и од Моавката Рут, жена на умрениот, и неа треба да ја земеш, за да го востановиш името на умрениот во наследството негово.«
6
А оној роднина одговори: »Јас не можам да ја откупам, за да не си го растурам моето наследство; земја ја ти, зашто јас не можам да ја земам.«
7
Порано кај Израилот, кога се откупуваше и разменуваше нешто, заради потврдување постоеше обичај: едниот ја собуваше обувката своја и му ја даваше на другиот, кој го примаше правото на родство, и тоа служеше како сведоштво кај Израилот.
8
И оној роднина му рече на Воз: »Откупи го ти!« И ја собу обувката своја, и му ја даде.
9
И Воз им кажа на старешините и на целиот народ: »Вие сте сега сведоци, дека јас го купувам од Ноемин сето Елимелехово и сето Хелеоново и Малоново наследство;
10
исто така ја земам за жена и Моавката Рут, Малоновата жена, за да го востановам името на умрениот во делот негов, та да не исчезне името на умрениот меѓу браќата негови и племето негово; вие сте ми денес сведоци за тоа.«
11
И сиот народ, што беше при градските порти, и старешините рекоа: »Ние сме сведоци. Нека даде Господ, жената, која влегува во куќата твоја, да биде како Рахил и Лија, кои и обете го издигнаа домот Израилев; збогатувај се во Еуфрат, и нека се слави името твое во Витлеем;
12
и домот твој да биде како домот на Фареса, кого Тамар му го роди на Јуда од семето, кое Господ ќе ти го даде од таа млада жена.«
13
И Воз ја зеде Рут, и таа му стана жена. И тој влезе при неа, и Господ ѝ даде, та зачна и роди син.
14
И ѝ велеа жените на Ноемин: »Нека е благословен Господ, зашто не те остави денес без наследник! И нека биде славно името негово во Израилот.
15
Тој ќе ти биде утеха и прехрана во старите денови твои, зашто е рожба на снаата твоја, која те сака и кој ти вреди повеќе од седум синови.«
16
И Ноемин го зеде детето и го носеше во прегратките свои и му беше негователка.
17
Сосетките му дадоа име, велејќи: »На Ноемин ѝ се роди син«, и го нарекоа Овид. Тој е татко на Јесеја, таткото Давидов.
18
И еве го родот Фаресов: Фарес го роди Есрома;
19
Есром го роди Арама; Арам го роди Аминадава;
20
Аминадав го роди Наасона; Наасон го роди Салмона;
21
Салмон го роди Воза; Воз го роди Овида;
22
Овид го роди Јесеја; Јесеј го роди Давида.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
All chapters:
1
2
3
4