bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ruth 3
Ruth 3
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 4 →
1
И ѝ рече Ноемина, свекрвата нејзина: »Ќерко, нели бива да живееш подобро!
2
Ете, Воз, со чии слугинки беше ти, е наш роднина, оваа ноќ тој го вее јачменот на гумното;
3
затоа изми се, намачкај се, промени се и оди на гумното, но не му се покажувај, додека заврши со јадењето и пиењето;
4
а кога ќе легна да спие, дознај го местото, каде ќе легне; тогаш оди, откри го откај нозете негови и легни; тој ќе ти каже што да правиш.«
5
Рут ѝ рече: »Ќе направам сѐ што ми кажа.«
6
И отиде на гумното и направи сѐ онака, како што ѝ порача свекрвата нејзина.
7
Воз се најаде и се напи, и го развесели срцето свое, и отиде, па легна да спие до стогот. И таа отиде полека, го откри од кај нозете негови и легна.
8
На полноќ тој се тргна, се обѕрна, а тоа при нозете негови лежи жена.
9
И ѝ рече Воз: »Која си ти?« Таа одговори: »Јас сум Рут, твоја робинка, рашири го крилото свое над својата робинка, зашто си ми роднина.«
10
Воз ѝ рече: »Благословена да си од Господа, ќерко! Таа своја последна милост ти ја изврши подобро од првата, кога не отиде да бараш момци, бедни или богати;
11
затоа не плаши се, ќерко! Јас ќе направам за тебе сѐ, што кажа ти; оти при секоја порта кај мојот народ знаат, дека ти се чесна жена;
12
иако е точно, дека сум ти роднина, но има друг роднина, поблизок од мене;
13
ноќевај таа ноќ; а утре, ако тој те земе, добро, нека те земе, ако, пак, не те земе, јас ќе те земам; жив е Господ! Спи до утре!«
14
И преспа таа при нозете негови до утрината и стана, пред да можат да се распознаа еден со друг, зашто Воз рече да не се знае дека доаѓала жена на гумното.
15
И ѝ рече: »Дај ја наметката што е на тебе, подржи ја.« Таа ја држеше, и тој ѝ измери шест мери јачмен, ја натовари и си отиде во градот.
16
А Рут дојде кај свекрва ѝ. Таа ја запраша: »Што направи, ќерко?« Таа ѝ раскажа сѐ, што беше направил оној човек за неа.
17
Таа рече: »Тој ми ги даде овие шест мери јачмен и ми рече: ‚Не оди со празни раце при свекрвата своја!‘«
18
Таа ѝ рече: »Почекај, ќерко, додека да дознаеше, како ќе се сврши работата; зашто тој човек нема да се успокои, додека не ја сврши денес таа работа.«
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4