bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Joshua 22
Joshua 22
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 23 →
1
Тогаш Исус го повика Рувимовото и Гадовото племе и едната половина од Манасиевото племе и им рече:
2
„Вие чувте сѐ, што ви беше заповедано од Мојсеј, слугата Господов, и ги послушавте сите мои зборови во сѐ, што ви заповедав;
3
вие не ги напуштавте браќата свои во текот на многу денови и ги запазивте заповедите на Господ, вашиот Бог.
4
Сега Господ, вашиот Бог, ги успокои вашите браќа, како што им беше говорел; и така, вратете се и одете во домовите ваши, во земјата на вашето наследство, што ви ја даде Мојсеј, слугата Господов, од онаа страна на Јордан;
5
само пазете грижливо да ги исполнувате заповедите и законот, што ви го даде Мојсеј, слугата Господов: да Го сакате Господа, вашиот Бог, да одите по сите Негови патишта, да ги пазите заповедите Негови, да се приврзувате кон Него и да Му служите со сето срце ваше и со сета душа ваша.“
6
Потоа Исус ги благослови и ги отпушти и тие се разотидоа по своите шатори.
7
На едната половина од Манасиевото племе Мојсеј ѝ даде дел во Башан, а на другата половина Исус ѝ даде дел со браќата нивни на запад од Јордан. И кога Исус ги отпушти во шаторите нивни и ги благослови,
8
тој им рече: „Вратете се со големото богатство во своите шатори, со многуброен добиток, со сребро, со злато, со бакар и со железо, и со многу облека“; и го разделија пленот, земен од непријателите, со браќата свои.
9
Тогаш синовите Рувимови и синовите Гадови и едната половина од Манасиевото племе се вратија и тргнаа од синовите Израилеви од Силом, што е во хананската земја, за да си одат во земјата Галаад, во земјата на наследството свое што го добија по заповед на Господ, дадена преку Мојсеј.
10
Кога дојдоа во околината на Јордан, во хананската земја, синовите Рувимови и синовите Гадови, и едната половина од Манасиевото племе изградија таму, крај Јордан, еден жртвеник, жртвеник голем на изглед.
11
И слушнаа Израилевите синови дека се зборува: „Ете, синовите Рувимови и синовите Гадови и половина од Манасиевото племе изградиле жртвеник во хананската земја, крај Јордан, од страната на Израилевите синови.“
12
Штом го чуја тоа Израилевите синови, се собра целата заедница на синовите Израилеви во Силом за да одат во војна против нив.
13
Најнапред синовите Израилеви го испратија кај синовите Рувимови и кај синовите Гадови и кај половината од Манасиевото племе во Галаадската земја Финес, синот на свештеникот Елеазар,
14
и со него десет родоначалници, по еден од сите Израилеви племиња; секој од нив беше војвода во илјадниците Израилеви.
15
И тие дојдоа кај синовите Рувимови и кај синовите Гадови и кај половината од Манасиевото племе во земјата Галаад и им рекоа, велејќи:
16
„Еве што вели целата заедница Господова: каков престап сте направиле пред Израилевиот Бог, со тоа што Му завртевте грб на Господ, и си подигнавте жртвеник и отстапивте сега од Господ?
17
Зар мал ви беше гревот Фегоров, од кого не сме се очистиле ни до ден-денес и заради него дојде помор врз заедницата Господова?
18
А вие денес отстапувате од Господ! Денес станувате против Него, а утре Тој ќе се разгневи на целата заедница Израилева.
19
Ако, пак, земјата на вашето наследство ви е мала, поминете сите во земјата Господова, во која се наоѓа скинијата Господова, земете дел меѓу нас, но не станувајте против Господ, нити против нас станувајте, градејќи си друг жртвеник, освен жртвеникот на Господ, нашиот Бог;
20
зар Ахан, синот Зерахов, не изврши ли самиот престап, земајќи од проколнатото, а гневот падна врз целото општество Израилево? Не умре само тој поради беззаконието свое.“
21
И одговорија на тоа синовите Рувимови и синовите Гадови и половината од Манасиевото племе и им рекоа на војводите Израилеви:
22
„Господ Бог е вечен, Господ Бог е вечен, Тој знае, и Израил нека знае! Ако отстапуваме од Господ, Господ нека не нѐ поштеди во овој ден!
23
Ако сме изградиле жртвеник, за да отстапиме од Господ, или за да принесуваме на него сепаленици или да принесуваме на него жртви за мир, самиот Господ нека суди!
24
Но за добро го направивме ние тоа, за да не им речат утре вашите синови на нашите синови: Што имате вие со Господ, Израилевиот Бог?
25
Господ го определи Јордан за граница меѓу нас и вас, синови Рувимови и синови Гадови, вие немате дел во Господ. Така синовите ваши ќе ги отуѓат нашите синови да не Му служат на Господ.
26
Затоа рековме: да си подигнеме жртвеник не заради приноси ниту заради жртви,
27
туку за да биде тој меѓу вас и нас, меѓу нашите родови по нас, сведок дека ние можеме да Му служиме на Господ пред нив со наши приноси, и со наши сепаленици и жртви за мир и за да не им речат утре вашите синови на нашите синови: вие немате дел во Господ.
28
Па си рековме: ако така ни кажат нам и на нашите родови по нас, ние ќе им речеме: Видете ја сличноста на жртвеникот Господов, што го направиле нашите татковци, не заради приноси ниту заради жртви, туку за да биде сведок меѓу вас и нас (и меѓу синовите наши).
29
Далеку сме од мислата, да отстапиме од Господ, и да се одвратиме од Господ, и да ѕидаме жртвеник за сепаленици, приноси за жртви, освен пред жртвеникот на Господ, нашиот Бог, кој е пред скинијата Негова.“
30
Свештеникот Финес, сите началници на заедницата и војводите на илјадниците Израилеви, што беа со нив, кога ги слушнаа зборовите, што ги рекоа Рувимовите синови, Гадовите синови и Манасиевите синови, ги одобрија.
31
И Елеазаровиот син, свештеникот Финес, им рече на синовите Рувимови, на синовите Гадови, и на половината од Манасиевото племе: „Денес познавме дека Господ е меѓу нас, дека вие со тоа не сте извршиле пред Господ престап, но дека сте ги избавиле синовите Израилеви од раката Господова.“
32
Тогаш Елеазаровиот син, свештеникот Финес, и родоначалниците се вратија откај синовите Рувимови и синовите Гадови и (од половината на племето Манасиево) во хананската земја кај синовите Израилеви и им донесоа одговор.
33
И на Израилевите синови тоа им годеше, па Го благословија синовите Израилеви Бога и рекоа дека нема да војуваат против нив, и да ја разорат земјата, во која живеат синовите Рувимови и синовите Гадови (и половина од Манасиевото племе).
34
И Рувимовите синови и Гадовите синови го нарекоа тој жртвеник Ед, зашто, рекоа тие, тој е сведок меѓу нас дека Господ е Бог.
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24