bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Joshua 24
Joshua 24
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
1
Тогаш Исус ги собра сите племиња Израилеви во Сихем и ги свика старешините на Израил и кнезовите негови, судиите негови и управителите негови, и тие се претставија пред Господ Бог.
2
И му рече Исус на целиот народ: „Вака вели Господ, Бог на Израил: вашите татковци, Тара, таткото Авраамов и таткото Нахоров, во старо време живееја од онаа страна на Реката и им служеа на други богови.
3
Но јас го зедов таткото ваш Авраам од онаа страна на Реката, го водев до земјата хананска, му го умножив семето негово и му го дадов Исак.
4
На Исак му ги дадов Јаков и Исав. На Исав му ја дадов во наследство гората Сеир; а Јаков и синовите негови влегоа во Египет (и станаа таму голем, силен и многуброен народ, и Египќаните почнаа да ги притеснуваат).
5
Тогаш ги испратив Мојсеј и Арон и го совладаа Египет со она што го извршив таму, а потоа ве изведов.
6
Ги изведов татковците ваши од Египет, и вие дојдовте кај Црвеното Море. Тогаш Египќаните се спуштија по татковците ваши со коли и коњаници до Црвеното Море;
7
но тие повикаа кон Господ, и Тој спушти густа магла меѓу нас и Египќаните и го наведе на нив морето, кое и ги покри. Очите ваши видоа што направи Господ во египетската земја и вие останавте во пустината многу денови.
8
И ве воведе во земјата на Аморејците, кои живееја од онаа страна на Јордан; тие станаа против вас, но Господ ги предаде во ваши раце, и вие ја добивте како наследство земјата нивна и ги истребивте од пред лицето ваше.
9
Се крена Валак, синот на Ципор, моавскиот цар, и отиде со војска против Израил, и испрати да го повикаат Беоровиот син Валаам, за да ве фрли во проклетство;
10
но Господ не сакаше да го послуша Валаам, – тој ве благослови, и јас ве избавив од рацете негови.
11
Вие го преминавте Јордан и дојдовте во Ерихон. И почнаа да војуваат против вас жителите на Ерихон: Аморејците и Перизијците, Хананците и Хитијците, Гергесејците, Евејците и Јевусијците, но Господ ги предаде во вашите раце.
12
И испрати пред вас стршели, кои ги изгонија од пред вас двајцата аморејски цареви; без твојот меч и без твојот лак.
13
И ви даде земја, за која вие не сте се труделе, и градови што не сте ги граделе, и вие живеете во нив; и лозја и маслини, кои не сте ги саделе, а јадете плодови.
14
И така, имајте страхопочит кон Господ и служете Му со чистота и искреност; и отфрлете ги боговите на кои им служеа предците ваши од онаа страна на Реката и во Египет, и служете Му на Господ.
15
Ако, пак, не ви е мило да Му служите на Господ, одберете си сега, кому да му служите: на боговите ли, на кои им служеа предците ваши, кога беа од онаа страна на Реката, или на боговите на Аморејците, во чија земја живеете, а, пак, јас и домот мој ќе му служиме на Господ, (бидејќи Тој е свет).“
16
Одговори народот и рече: „Не, тоа никако! Нема да Го оставиме Господа и нема да им служиме на други богови!
17
Зашто Господ е наш Бог; Тој нѐ изведе нас и таковците наши од египетската земја, од домот на ропството, и правеше пред очите наши големи чуда и нѐ чуваше по целиот пат, по кој одевме, и меѓу сите народи, низ кои минувавме.
18
Господ ги изгони откај нас сите народи и Аморејците, што живееја во оваа земја. Затоа и ние ќе Му служиме на Господ, бидејќи Тој е наш Бог.“
19
Исус му рече на народот: „Не ќе може да Му служите на Господ, зашто Тој е свет Бог, Бог ревнител; Тој нема да го истрпи беззаконието ваше и гревовите ваши.
20
Ако Го оставите Бога и им служите на туѓи богови, Тој ќе испрати на вас зло и ќе ве истреби, место да ви направи добро.“
21
И народот му одговори на Исус: „Не, ние ќе Му служиме на Господ.“
22
Исус му рече на народот: „Сведоци ли сте вие за себе дека Го избравте Господа да Му служите?“ Тие одговорија: „Сведоци сме.“
23
„А сега, отфрлете ги туѓите богови што се меѓу вас и свртете го срцето свое кон Господ, Израилевиот Бог.“
24
Народот му рече на Исус: „На Господа, нашиот Бог, ќе Му служиме и гласот Негов ќе го слушаме.“
25
И тој ден Исус направи со народот завет и му даде наредби и закони во Сихем (пред скинијата на Господ, Бог Израилев).
26
И ги запиша Исус тие зборови во книгата на законот Божји, па зеде голем камен и го постави таму под дабот, што е пред светилиштето Господово.
27
И му кажа Исус на целиот народ: „Ете, овој камен ќе ни биде сведок, бидејќи тој ги слушна сите зборови на Господ што Тој ви ги кажа денес; тој нека биде сведок против вас, ако некогаш лажете пред Господ, Вашиот Бог.“
28
И потоа Исус го испрати народот, секој во местото свое.
29
И Му служеше Израил на Господ во сите денови Исусови, и во сите денови на старешините, кои го поминаа времето со Исус и кои ги видоа сите дела што му ги направи на Израил.
30
И по сето тоа умре Исус, синот Навинов, слугата Господов, на сто и десет години.
31
И го погребаа во пределите на делот негов во Тимнат-Серах, во Ефремовата Гора, на север од планината Гааш. (И го ставија таму со него во гробот, во кој ги погребаа камените ножеви со кои Исус ги беше обрезал Израилевите синови во Гилгал, кога ги изведе од Египет, како што му беше заповедал Господ; и тие се таму дури до денес).
32
И коските на Јосиф, кои Израилевите синови ги изнесоа од Египет, ги погребаа во Сихем, во оној дел на полето, што Јаков го беше купил од синовите Аморејски, кои живееја во Сихем, за сто сребреници и му ги даде како дел на Јосиф.
33
Потоа умре и Ароновиот син Елеазар, и го погребаа на ридот Финес, кој му беше даден на Ефремовата Гора.
34
Во тој ден Израилевите синови, откако го зедоа ковчегот Божји, го носеа со себеси, а Финес беше свештеник место татка си Елеазар, додека не умре и го погребаа на неговиот рид.
35
И синовите Израилеви отидоа секој во своето место и во својот град.
36
И почнаа Израилевите синови да им служат на Аштарта и на Аштарот, богови на околните народи; и Господ ги предаде во рацете на моавскиот цар Еглон, кој владееше над нив осумнаесет години.
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24