bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Joshua 5
Joshua 5
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 6 →
1
Кога аморејските цареви, што живееја од онаа страна на Јордан кон запад, и хананските цареви, што се крај морето, чуја дека Господ ги исушил водите на Јордан пред синовите Израилеви, додека тие преминувале, им се запреа мислите, (се ужасија) и душа веќе не остана во нив поради синовите Израилеви.
2
Во тоа време Господ му рече на Исус: „Направи си ножеви од остар камен и обрезај ја новата генерација на Израил!“
3
Тогаш Исус направи остри ножеви од камен, и ги обреза синовите Израилеви во местото наречено Гиват Аралот.
4
И така ги обреза Исус (синовите Израилеви, кои тогаш се родија по патот, и кои не беа обрезани кога излегоа од Египет; сите ги обреза Исус), зашто сиот народ од машки пол што беше излегол од Египет, сите способни за војна изумреа во пустината по патот, откако беа излегле од Египет;
5
и така сите излезени беа обрезани, а сите, што се родија во пустината по патот, по излегувањето од Египет, не беа обрезани;
6
зашто синовите Израилеви четириесет (и две) години лутаа по пустината; (заради тоа мнозина не беа обрезани), додека изумреа сите способни за војна, што беа излегле од Египет. Тие што не го послушаа гласот Господов и на кои Господ им се заколна дека нема да ја видат земјата, што Господ со заклетва беше им ја ветил на татковците нивни, односно дека нам ќе ни ја даде земјата, каде што тече мед и млеко,
7
а наместо нив ги подигна нивните синови. Нив ги обреза Исус, зашто тие не беа обрезани; бидејќи беа родени во текот на патувањето.
8
Сиот народ, откако беше обрезан, си остана на местото во логорот, додека не оздрави.
9
Тогаш Господ му рече на Исус: „Сега Јас го симнав од вас египетскиот срам!“ И тоа место се нарекува дури и до ден-денес „Гилгал“.
10
И се задржаа синовите Израилеви во логорот во Гилгал и вечерта на четиринаесеттиот ден од месецот направија Пасха во рамнините ерихонски;
11
и на вториот ден по Пасха почнаа да јадат од пченицата на таа земја – бесквасни лебови и печени зрна во истиот тој ден;
12
и маната престана да паѓа во тој ден, откако почнаа да јадат од житото на таа земја; и веќе немаше мана кај синовите Израилеви: во таа година тие јадеа од плодовите на хананската земја.
13
Кога Исус се наоѓаше близу до Ерихон, погледна и виде, и ете, пред него стои човек, со изваден меч во раката. Исус се приближи до него и му рече: „Наш ли си, или си од нашите непријатели?“
14
Тој му одговори: „Не; јас сум водачот на војската Господова, сега дојдов овде.“ Исус падна ничкум на земја, се поклони и му рече: „Што ќе му заповедаш на својот слуга?“
15
Водачот на војската Господова му рече на Исус: „Собуј ги обувките од нозете свои, бидејќи местото, на кое стоиш, е свето.“ Исус така и направи.
16
А Ерихон беше утврден и затворен поради страв од синовите Израилеви; никој не излегуваше и не влегуваше во него.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24