bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Leviticus 10
Leviticus 10
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 11 →
1
Двајцата синови Аронови, Надав и Авиу, земајќи ја секој својата кадилница, ставија оган во нив, па ставија во нив и кадиво, и принесоа пред Господ туѓ оган, иако тоа не им беше заповедал Господ.
2
Тогаш излезе оган од Господ, и ги изгоре, и умреа пред Господ.
3
И му рече Мојсеј на Арон: „Тоа е она што го рече Господ, велејќи, преку оние што ќе пристапуваат кон Мене ќе се осветам и пред целиот народ ќе се прославам.“ Арон, пак, молчеше.
4
Потоа Мојсеј ги повика Мисаил и Елцафан, синовите на Узиил, чичкото на Арон, и им рече: „Појдете и изнесете ги браќата ваши од светилиштево надвор од логоров.“
5
И тие пристапија и ги изнесоа во хитоните нивни надвор од логорот, како што рече Мојсеј.
6
Па му рече Мојсеј на Арон и на Елеазар и на Итамар, другите негови синови: „Не откривајте ги вашите глави, а и одеждите ваши да не ги раскинувате, за да не умрете и Господ да не се разгневи на целиот народ; туку браќата ваши, целиот дом Израилев нека плаче за изгорените, кои Господ ги изгоре;
7
и не излегувајте од дверите на скинијата на собранието, за да не загинете, зашто маслото за помазание на вас е од Господ.“ И направија според зборовите на Мојсеј.
8
И Господ му рече на Арон, велејќи:
9
„Вино и други алкохолни пијалаци да не пиете, ти и синовите твои, кога ќе влегувате во скинијата на собранието (или пак ќе пристапувате кон жртвеникот), за да не загинете, тоа нека ви биде вечен закон во поколенијата ваши:
10
за да можете да распознавате што е свето, а што не е; и што е чисто, а што не;
11
учете ги синовите Израилеви на сите заповеди, што им ги кажа Господ преку Мојсеј.“
12
Потоа Мојсеј му рече на Арон, и на Елеазар и на Итамар, другите негови синови: „Земајте од лебниот принос што ќе преостане од приносите пред Господ и јадете го тоа кај жртвеникот, зашто тоа е најголема светиња.
13
И јадете го тоа на свето место, бидејќи тоа е законски дел твој и законски дел на синовите твои од приносите пред Господ; зашто така ми заповеда (Господ).
14
А градите од жртвата што се нишаат и плешката што се принесува да ги јадете на чисто место, ти и ќерките твои, и домот твој со тебе, зашто со закон ти се даде тебе и на синовите твои дел од жртвите за мир, што ги принесуваат синовите на Израил.
15
Плешката што се принесува и градите што се нишаат да се донесуваат заедно со лојот што се принесува, нишајќи ги пред Господ, и тоа да биде твое, и на синовите твои, (и на ќерките твои) со тебе како вечен дел како што му заповеда Господ (на Мојсеј).“
16
Потоа Мојсеј го побара козелот за жртва поради грев; но, тој веќе беше изгорен; затоа тој се разгневи на Елеазар и на Итамар, синовите Аронови и рече:
17
„Зошто не јадевте на свето место? Бидејќи тоа е жртва поради грев што е најголема светиња; неа ви ја дава Господ вам да ја јадете, за да го ослободи целиот народ од грев и да стане чист пред Господ;
18
и ете крвта нејзина не е внесена во светилиштето; а требаше да ја јадете на свето место, како што ви заповедав.“
19
Тогаш му рече Арон на Мојсеј: „Еве, тие денес принесоа жртва поради својот грев и жртва сепаленица пред Господ; и ми се случи ова. Ако јадам денес од жртвата за грев, ќе Му биде ли тоа угодно на Господ?“
20
Го чу тоа Мојсеј и го одобри.
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27