bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Leviticus 9
Leviticus 9
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 10 →
1
А во осмиот ден ги повика Мојсеј Арона и синовите негови и старешините израилски,
2
па му рече на Арон: „Земи од говедата свои теле поради грев, и овен за сепаленица, обете без недостаток, и принеси ги пред Господ.
3
И на старешините израилски кажи им: земете козел за жртва за грев, и овен и теле и јагне, едногодишни, без недостаток, за жртва сепаленица,
4
а и теле, и овен за принесување жртва за мир пред Господ, и лебен принос измешан со масло, бидејќи денес ќе ви се јави Господ вам.“
5
Зедоа сѐ како што им заповеда Мојсеј, и сето тоа го донесоа пред скинијата на собранието; се собра целиот народ, па застана пред Господ.
6
Им рече Мојсеј: „Еве што заповеда Господ да направите, и ќе ви се покаже славата Господова.“
7
Му рече Мојсеј на Арон: „Пристапи до жртвеникот и принеси жртва за гревот твој и твојата жртва сепаленица, очисти се себеси и народот и принеси жртва за народот и очисти ги, како што заповеда Господ.“
8
Тогаш пристапи Арон до жртвеникот и закла теле за него, како жртва за грев,
9
и принесоа синовите Аронови крв до него, и тој го натопи прстот свој во крвта и стави од неа на роговите од жртвеникот, а остатокот од крвта го излеа во подножјето на жртвеникот;
10
лојот и обата бубрега, и кошулката на црниот дроб, ги изгоре врз жртвеникот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј;
11
месото, пак, и кожата ги изгоре надвор од логорот.
12
Потоа закла жртва сепаленица, и синовите Аронови му поднесоа од крвта нејзина, а тој го попрска жртвеникот од сите страни;
13
му ја донесоа и жртвата сепаленица во делови; сето тоа, и главата, ги изгоре на жртвеникот,
14
а утробата и нозете ги изми, и ги изгоре врз жртвеникот заедно со жртвата сепаленица.
15
Потоа тој принесе дар од народот; зеде козел поради гревот на народот, го закла, и го принесе како жртва за грев како и првиот.
16
И принесе жртва сепаленица, и го изврши тоа според заповедите како што треба.
17
А принесе и лебен принос и ги наполни рацете со него, и го изгоре на жртвеникот, врз утринската жртва сепаленица.
18
Ги закла и волот и овенот што беа од народот, како жртва за мир; и синовите Аронови му ја принесоа крвта нивна, и тој го полеа со неа жртвеникот од сите страни;
19
му го дадоа и лојот од волот и опашката од овенот, и лојот што ја покрива утробата, и обата бубрега, како и кошулката од црниот дроб,
20
па го ставија лојот врз градите, и тој го изгоре лојот врз жртвеникот;
21
градите, пак, и десната плешка ги принесе Арон нишајќи ги пред Господ, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
22
Потоа ги подигна Арон рацете кон народот и го благослови, па потоа слезе, откако принесе жртва за грев, жртва сепаленица и жртва за мир.
23
А Мојсеј и Арон влегоа во скинијата на собранието, па излегоа и го благословија народот и им се јави славата Господова на сите луѓе:
24
и се јави оган од Господ и ги изгоре на жртвеникот жртвата сепаленица, и лојот; а народот, кога го виде тоа, викна од радост и падна ничкум на земјата.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27