bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Leviticus 19
Leviticus 19
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 20 →
1
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2
„Кажи му на целото општество на синовите на Израил и речи им: бидете свети, затоа што сум свет Јас, Господ, вашиот Бог.
3
Секој да ги почитува таткото свој и мајката своја и да ги запазува Моите саботи. Јас сум Господ, вашиот Бог.
4
Не одете по идоли, и излеани богови не правете си. Јас сум Господ, вашиот Бог.
5
Кога Му принесувате на Господ жртва за мир, принесувајте ја за да биде примена.
6
Таа треба да се јаде во денот, кога ја принесувате, и вториот ден, а она што ќе остане во третиот ден, да се изгори на оган.
7
Ако некој ја јаде во третиот ден, тоа е одвратно и жртвата нема да се прими.
8
Оној што ќе ја јаде, ќе навлече врз себе грев, бидејќи го осквернил она што Му е свето на Господ; секој таков човек ќе биде истребен од народот свој.
9
Кога ја собирате жетвата од земјата своја, не ја жнеј нивата своја докрај, и паднатите класја од жетвата своја не собирај ги.
10
А и лозјето свое не собирај го до зрно, и паднатите зрна од брањето не собирај ги; остави го тоа за сиромавиот и придојдениот. Јас сум Господ, вашиот Бог.
11
Не крадете, не лажете и не мамете го ближниот свој.
12
Не колнете се лажно во Моето име, не осквернувајте го името на вашиот Бог; Јас сум Господ.
13
Не притеснувај го и не ограбувај го ближниот свој. Надницата на наемникот твој не смее да остане кај тебе до утредента.
14
Не навредувај глув човек и пред слеп не ставај ништо, од кое може да се сопне; имај страв од твојот Бог. Јас сум Господ.
15
Не прави неправда кога судиш: не биди пристрасен спрема сиромавиот и не угодувај му на големецот; суди му на ближниот свој по правда.
16
Не шири лага меѓу народот свој и не посегнувај врз животот на ближниот свој. Јас сум Господ.
17
Во срцето свое не мрази го братот твој; изобличи го ближниот свој и нема да ти се прими за грев поради тоа.
18
Да не се одмаздува раката твоја и не биди им непријател на синовите од народот твој, туку сакај го ближниот свој како самиот себе. Јас сум Господ.
19
Чувајте ги Моите закони: не спарувај го добитокот свој со добиток од друг род; не сеј на нивата своја два вида семе; облека ткаена од две различни преѓи не облекувај.
20
Ако некој преспие со жена, а таа е робинка, свршена за маж, но уште неоткупена, или уште не ѝ е дадена слобода, да се казнат и обајцата, но не со смрт, зашто таа не е слободна;
21
тој нека донесе пред Господ при влезот од скинијата на собранието жртва за престап: еден овен,
22
и ќе го очисти свештеникот пред Господ, преку овенот за вина, за гревот што го направил, и извршениот грев ќе му биде простен.
23
Кога ќе дојдете во земјата, (која Господ, вашиот Бог, ви ја дава,) и ќе посадите какво и да било плодно дрво, сметајте ги плодовите негови за нечисти; три години неговиот плод треба да е за вас нечист и да не се јаде;
24
а во четвртата година секој негов плод е свет, посветен на Господ за благодарност.
25
Во петтата, пак, година, можете да ги јадете плодовите негови и да го собирате целиот негов род. Јас сум Господ, вашиот Бог.
26
Не јадете ништо со крв; не вражајте и не гатајте.
27
Не стрижете ја главата своја наоколу и не расипувајте го крајот од брадата своја.
28
Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ.
29
Не осквернувај ја ќерката своја, со тоа што ќе ѝ дозволиш да врши блуд, за да не се најде земјата во блудство и да се исполни со разврат.
30
Саботите Мои пазете ги и почитувајте го она што Ми е свето. Јас сум Господ.
31
Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш.
32
Пред бели коси станувај, почитувај го лицето на старец и имај страв од твојот Бог. Јас сум Господ.
33
Кога придојден ќе се насели во земјата ваша, не притеснувајте го;
34
придојдениот меѓу вас нека ви биде исто како тукашен; сакајте го како себеси, затоа што и вие бевте придојдени во египетската земја. Јас сум Господ, Бог ваш.
35
Не правете неправда кога судите, кога мерите со метар или со тегови и кога измерувате зафатнина;
36
мерките ваши да ви бидат точни, теговите точни, ефата верна и хинот верен. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од египетската земја.
37
Пазете го целиот Мој закон и сите Мои повелби, и извршувајте ги. Јас сум Господ.“
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 20 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27