bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
1 Chronicles 19
1 Chronicles 19
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 20 →
1
Потоа умре Нахас, цар амонски, и место него стана цар синот негов.
2
Тогаш Давид рече: „Ќе покажам милост кон Анон, Нахасовиот син, заради доброто, што ми го направи таткото негов.“ И Давид испрати пратеници за да му изразат сочувство за татко му. Давидовите слуги дојдоа во земјата на Амонците, кај Анон, за да го утешат.
3
Но амонските началници му рекоа на Анон: „Зар мислиш дека поради почит кон татко ти, Давид испрати кај тебе утешители? Зар слугите негови не дошле кај тебе за да разузнаат и да ја разгледаат земјата, та да ја завладеат?“
4
Тогаш Анон ги фати слугите Давидови и ги избричи и им ја потсече облеката до половина, до крстот, и ги испрати.
5
И тие си отидоа. Кога му соопштија на Давид за тие луѓе, тој испрати да ги пречекаат, бидејќи беа необично многу обезличени, за да им порачаат од царот: „Останете во Ерихон, додека да ви пораснат брадите, тогаш вратете се!“
6
Кога Амонците видоа дека му станале омразни на Давид, тогаш Анон и Амонците испратија илјада кикари сребро, за да најмат коли и коњаници од Арам Нахараим и од Арамејците од Мааха и од Цова.
7
И најмија триесет и две илјади коли, а царот на Мааха со народот негов, дојде и се улогори спроти Медева. Се собраа и Амонците од градовите свои и излегоа на војна.
8
Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоав со сета војска — јунаци.
9
Амонците излегоа и се наредија за борба пред градските порти, а царевите, што беа дошле, — одделно во полето.
10
Јоав, откако виде дека му претстои борба однапред и одзади, ги одбра сите избрани војници во Израел и ги нареди спроти Арамејците.
11
А другиот дел од народот му го довери на братот свој Авеса, за да се распореди спроти Амонците.
12
И тогаш рече: „Ако Арамејците почнат да ме надвиваат, ќе ми помогнеш ти; ако, пак, Амонците почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти помогнам.
13
Биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ нека направи, како што Му е угодно.“
14
И влезе Јоав и луѓето, што беа со него, во борба со Арамејците, и тие избегаа од него.
15
Амонците, пак, штом видоа дека Арамејците бегаат, избегаа и тие од братот негов Авеса, и навлегоа во градот. Тогаш Јоав се врати во Ерусалим.
16
Арамејците, откако видоа дека се победени од Израелците, испратија пратеници и ги изведоа Арамејците, што беа од онаа страна на реката; ги предводеше Шофах, воен началник Адраазаров.
17
Кога му соопштија за тоа на Давид, тој ги собра сите Израелци, го преминаа Јордан и, откако дојде кај нив, се распореди спроти нив. И влезе Давид во борба со Арамејците, и тие се судрија со него.
18
И Арамејците избегаа од Израелците, и Давид им уништи седум илјади коли на Арамејците, и четириесет илјади пешаци, а воениот началник Шофах го уби.
19
Кога видоа луѓето на Адраазар дека Израелците ги поразија, со Давид склучија мир и му се потчинија. И Арамејците не се осмелуваа повеќе да им помагаат на Амонците.
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 20 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29