bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
1 Chronicles 27
1 Chronicles 27
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 28 →
1
Еве ги синовите Израелови според нивниот број, началници на родовите, илјадници, стотници и чиновници, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доаѓајќи и заминувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади.
2
Над првото одделение, за првиот месец, началник беше Јашовам, син Завдиелов; во одделението негово имаше дваесет и четири илјади;
3
тој беше од потомците на Фарес и началник над сите воени началници во првиот месец.
4
Над одделенето за вториот месец беше Додај, Ахохиецот; во одделението негово беше и началникот Миклот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
5
Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодај; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади;
6
тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделение се наоѓаше неговиот син Амизавад.
7
Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавов брат, и по него синот негов Зевадија; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
8
Петтиот, за петтиот месец, беше началникот Шамхут, син на Израх; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
9
Шести, за шестиот месец, беше Ира, син на Икеш, Текоецот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
10
Седми за седмиот месец, беше пелонјанецот Хелец, од Ефремовите синови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
11
Осми, за осмиот месец, беше Сивхај, хушанчанецот од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
12
Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Венијаминови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
13
Десетти, за десеттиот месец, беше Махарај, Нетофатец, од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
14
Единаесетти, за единаесеттиот месец, беше Ванеја, од Пиратон, од синовите Ефремови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
15
Дванаесетти, за дванаесеттиот месец, беше нетофатецот Хелдај, од потомците на Готониил; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
16
А над Израеловите племиња началници беа: во Рувимовото — кнезот Елиезер, Зихриевиот син; во Симеоновото — Сафатија, Мааховиот син;
17
во Левиевото — Хашавија, син Кемуелов; во Ароновото — Садок;
18
во Јудиното — Елијуј, од Давидовите браќа; во Исахаровиот — Омриј, Михаилов син;
19
во Завулоновото — Јишмаја, Авдиев син; во Нефталимовото Јеремот, Азриилов син;
20
во Ефремовото — Осија, Азазиевиот син; во едната половина од Манасиевото племе — Јоил, Федаевиот син;
21
во другата половина од Манасиевото племе во Галаад — Идо, Захариевиот син; во Венијаминовото — Јасиел, Авенировиот син;
22
во Дановото — Азариил, Јерохамовиот син. Тоа беа водачите на Израеловите племиња.
23
Давид не ги преброи оние што беа од дваесет години и подолу, зашто Господ беше рекол дека ќе го размножи Израел како ѕвездите небески.
24
Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израел поради тоа пребројување, и тоа не се впиша во летописите на царот Давид.
25
Над царските ризници беше Азмавет, Адиеловиот син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите — Јонатан, Озиевиот син;
26
а над оние што работеа по полињата и ја обработуваа земјата беше Езри, Келувовиот син;
27
над лозјата — Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата — Завдиј, Шефамиецот;
28
над маслините и смоквите во полињата — Гедерецот Ваал-Ханан, а над складовите за масло — Јоас;
29
над крупниот добиток, што пасеше во Сарон — Саронецот Шитрај, а над добитокот во долините — Шафат, синот на Адлај;
30
над камилите — Јишмаелецот Овил; над магариците — Мероќанецот Јехдеја;
31
над ситниот добиток — Хагриецот Јазиз. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;
32
Јонатан, Давидовиот чичко, беше советник, човек умен и писмен; и Јехиил, Ахмониевиот син, беше со царските синови;
33
Ахитофел беше царев советник; а Кушиј Аркиецот — царев пријател;
34
а по Ахитофел дојдоа Јодај, Бенаевиот син, и Авијатар; Јоав, пак, беше началник на царската војска.
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 28 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29