bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
1 Chronicles 29
1 Chronicles 29
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 28
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
1
Тогаш царот Давид му кажа на целото собрание: „Синот мој, Соломон, кого Сам Бог го избра, е млад и нежен, а работата е голема, зашто таа зграда нема да биде за човек, туку за Господ Бог.
2
Со сите сили приготвив за домот на мојот Бог злато за златните предмети, сребро за сребрените и бакар за бакарните, железо за железните и дрво за дрвените, ониксов камен и камења за украсување, камења убави и шарени, секакви скапи камења и многу мермер;
3
и уште, од љубов кон домот на мојот Бог, што имам сопствено злато и сребро, и него го давам за домот на мојот Бог, покрај сето она, што сум го приготвил за светиот дом:
4
три илјади кикари злато, офирско злато, и седум илјади кикари чисто сребро за обложување на ѕидовите на зградите,
5
за сите златни предмети, за сите сребрени и за сите изработки од уметнички раце. Нема ли уште некој доброволно да даде прилог денес за Господ?“
6
Тогаш родоначалниците и началниците на израелските племиња, илјадниците и стотниците и надзорниците на царските работи почнаа да донесуваат доброволни прилози.
7
И дадоа за уредување на Божјиот дом пет илјади кикари и десет илјади даријки злато, десет илјади кикари сребро, осумнаесет илјади кикари бакар и сто илјади кикари железо.
8
И оние, што имаа скапоцени камења, ги даваа и нив во ризницата на домот Господов, во рацете на Гирсонецот Јехиил.
9
И народот се радуваше на нивната сесрдност, зашто тие од сѐ срце жртвуваа за Господ, па и Давид многу се радуваше.
10
Тогаш го благослови Давид Господа пред целото собрание и рече: „Благословен си, Господи Боже Израелов, отсекогаш и засекогаш!
11
Твое е, Господи, и величието, и силата, и славата, и победата, и блесокот; и сѐ, што е на небото и на земјата, Твое е; Твое е, Господи, царството, Ти стоиш над сѐ одозгора како Владетел.
12
Од Тебе се и богатството и славата; Ти владееш над сѐ, во Твојата рака е и силата и цврстината, и во Твоја власт е да издигнеш и да зацврстиш сѐ.
13
И сега, Боже наш, Те славиме и го фалиме Твоето величествено име.
14
Зашто, кој сум јас, и кој е мојот народ, та можеме да жртвуваме толку? Но од Тебе е сѐ, и добиеното од Твојата рака Ти го дадовме;
15
зашто ние сме туѓинци пред Тебе и придојдени, како и сите наши татковци; нашите дни се како сенка на земјата, и нема надеж.
16
Господи, Боже наш! Сето ова богатство, што го приготвивме, за да Ти изградиме дом Тебе, на Твоето свето име, е од Твоја рака, и сѐ е Твое.
17
Знам, Боже мој дека Ти го испитуваш срцето и ја сакаш искреноста; јас со чисто срце го жртвував сето ова, и сега гледам дека и Твојот народ, кој е собран тука, со радост жртвува за Тебе.
18
Господи, Боже на Авраам, Исак и Израел, нашите предци, запази го тоа засекогаш, тоа расположение на срдечните мисли во Твојот народ, и насочи го неговото срце кон Тебе.
19
А на синот мој Соломон дај му чесно срце, за да ги запазува Твоите заповеди, Твоите одредби и Твоите повелби, да го извршува сето тоа и да ја изгради зградата на Твојот дом, за која сум приготвил сѐ.“
20
А на целото собрание Давид му рече: „Благословете Го Господа, нашиот Бог!“ И целото собрание Го благослови Господа, Бог на предците свои, па коленичеа и Му се поклонија на Господ и на царот.
21
На другиот ден Му принесоа жртва на Господ; Му принесоа сепаленици на Господ: илјада телиња, илјада овни и илјада јагниња со преливите нивни, и многу жртви од сиот Израел.
22
Па јадеа и пиеја пред Господ во тој ден со голема радост, и по вторпат го прогласија Соломон, синот Давидов, за цар и го помазаа пред Господ за врховен владетел, а Садок — за свештеник.
23
И седна Соломон на престолот Господов како цар, место татко си Давид и напредуваше, и сиот Израел му се покоруваше.
24
И сите началници и војводи, како и сите синови на царот Давид му се покоруваа на царот Соломон.
25
И Господ го издигна Соломон пред очите на сиот Израел и му дарува царска слава, каква што немаше пред него ниеден цар израелски.
26
Давид, синот Јесеев, царуваше над сиот Израел.
27
Тој царуваше над Израел четириесет години: во Хеврон царуваше седум години, и во Ерусалим царуваше триесет и три години.
28
Потоа умре тој во честита и длабока старост, наситен од живот, богатство и слава; место него стана цар неговиот син Соломон.
29
Делата на цар Давид, првите и последните, се опишани во записите на јасновидецот Самоил, во записите на пророкот Натан и во записите на јасновидецот Гад,
30
како и целото негово царување, јунаштвото негово и настаните, што се случија со него, со Израел и со сите земни царства.
← Chapter 28
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29