bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Ecclesiastes 12
Ecclesiastes 12
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
1
И спомнувај си за твојот Творец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови, додека не настанале години, за кои ќе речеш: „Не ми се мили“;
2
додека сонцето и светлината на месечината и на ѕвездите не потемнеле, и не дошле нови облаци по дождот;
3
додека не настапил оној ден, кога куќните стражари ќе затреперат, и силните мажи ќе се подгрбават, кога воденичките ќе престанат да мелат, бидејќи останале малку; кога ќе се помрачат оние, што гледаат низ прозорец;
4
кога портата ќе почне да се затвора; кога ќе замолкне шумот на рачните мелници, и кога човек ќе почне да станува на птичји глас, и ќерките — пејачки ќе сопрат да пеат;
5
кога висините за нив ќе бидат страшни, и по патот ќе има ужаси; кога ќе процути бадемот, и скакулецот ќе стане тежок, и желбата ќе помине; зашто човекот заминува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го опкружуваат по улица;
6
додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не падне тркалото на бунарот.
7
И ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал.
8
Суета над суетите, вели проповедникот, сѐ е суета!
9
Проповедникот не само што беше мудар, туку и го учеше народот на мудрост. Тој сѐ испитуваше, изучуваше и остави многу мудри изреки.
10
Проповедникот се трудеше да најде убави мисли и точно ги запиша зборовите на вистината.
11
Зборовите на мудреците се како остени; како забиени клинци се нивните зборови, дадени од единствениот Пастир.
12
А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги — тоа нема крај, а да читаш многу — и тоа е заморно за телото.
13
А суштината на сѐ е: имај страв од Бога и пази ги Неговите заповеди, зашто тоа му е сета должност на човекот;
14
зашто Бог ќе ја изведе на суд секоја работа, и што е тајно, било да е добро или лошо.
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12