bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Ecclesiastes 5
Ecclesiastes 5
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 6 →
1
Не брзај со јазикот свој, и срцето твое да не брза да изговара зборови пред Господ; зашто Бог е на небото, а ти на земјата; затоа зборовите твои да не бидат многу.
2
Зашто, како што соништата доаѓаат при многу грижи, така и гласот на глупавиот се познава од многуте зборови.
3
Кога даваш завет на Бога, не двоуми се да го извршиш, зашто Тој не ги сака безумните: она што си го ветил, изврши го.
4
Подобро е да не ветуваш, отколку да ветиш и да не го извршиш.
5
Не ѝ дозволувај на устата своја да го тера во грев телото твое и не зборувај пред ангелот Божји: „Тоа е грешка!“ Зошто ти е да правиш така, и Бог да се разгневи на зборот твој и да го сотре делото на рацете твои?
6
Зашто, како во многуте соништа, така и во многуте зборови има суета; но ти имај страв од Бога.
7
Ако видиш некаде на сиромав да се врши неправда и да му се одзема судот и правдата, не чуди се на тоа: зашто над високиот гледа повисок, а над нив — уште повисок;
8
но од сѐ покорисна е земјата; и царот на нивата ѝ служи.
9
Кој го љуби среброто, со сребро нема да се насити, и кој сака богатство, тој нема да има полза од тоа. И тоа е суета!
10
Се зголемува ли имотот — се зголемуваат и корисниците негови; и каква корист за сопственикот негов: зар само да гледа со очите свои?
11
Сладок е сонот за оној, кој се труди, — па јадел тој малку или многу; но прејадувањето не му дава на богатиот да заспие.
12
Има едно тешко зло, што сум го видел на земјата: богатство, што се чува за зло на оној, кој го поседува.
13
А тоа богатство може да се изгуби во несреќно време: му се роди син и не остане ништо во рацете негови.
14
Како што излегол гол од мајчината утроба, така и си заминува, каков што дошол; ништо нема да земе од трудот свој, што би можел в рака да понесе.
15
И тоа е големо зло: каков што дошол, таков си заминува. Каква е, тогаш, ползата за него, кога се трудел залудо?
16
А целиот живот бил мрачен од многу грижи, маки и страдања.
17
Еве уште што најдов за добро и пријатно: да се јаде и да се пие и да се насладува од доброто на сите свои трудови, со кои некој се труди на земјата преку сите дни од животот свој, што му ги дал Бог; зашто тоа е негов дел.
18
И, ако на некој човек Бог му дал богатство, и имот и му дал да се ползува од нив, да го зема својот дел и да се насладува од трудовите свои, — тоа е Божји дар.
19
Нема долго време да ги помни тој дните на животот свој; затоа Бог и го наградува со радоста на срцето негово.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12