bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Ecclesiastes 9
Ecclesiastes 9
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 10 →
1
И сево ова го ставив во срцето свое, за да испитам дека праведните и мудрите нивни дела се во рацете Божји, и дека човекот не знае ни за љубов, ни за омраза во сето тоа, што е пред него.
2
За секој и за сите е едно: една судбина за праведен и неправеден, за добар и лош, за чист и нечист, како за оној кој принесува жртви, така и за оној кој не принесува; како за добар, така и за грешник; како за оној што се колне, така и за оној што се плаши од клетва.
3
Токму тоа е најлошо од сѐ што се случува на земјата, дека еден е крајот за сите, па затоа срцето на синовите човечки е полно со зло, и безумие има во срцето нивно додека се живи; а потоа тие умираат.
4
Кој е меѓу живите, има уште надеж, бидејќи и куче живо е подобро, отколку мртов лав.
5
Живите знаат дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат, и веќе за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот,
6
и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале, и ќе немаат дел довека во ништо, што се случува на земјата.
7
И така, оди, јади го радосно лебот свој и пиј го со радосно срце виното свое, кога Бог има наклоност кон твоите дела.
8
Во секое време облеката да ти биде празнична, и секогаш да има миризливи мазила на лицето твое.
9
Во сите дни на својот суетен живот насладувај се од животот заедно со жената, што ја сакаш, и која ти ја дал Бог на земјата за сите твои суетни дни; зашто, тоа е твој дел во животот и во твоите трудови, со кои се трудиш на земјата.
10
Сѐ, што може да врши раката твоја, според силите твои, врши; зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост.
11
И пак видов на земјата дека на брзите не им се дава победа, ниту на храбрите — битката, ниту на мудрите — леб, ниту на разумните — богатство, ниту на искусните — благонаклоност, но времето и приликите им се случуваат на сите нив.
12
Зашто човек не знае кога ќе го снајде несреќа. Како што рибите налетуваат во погубна мрежа, и како што птиците се заплеткуваат во примки, така и синовите човечки се уловуваат во тешко време, кога тоа неочекувано ќе дојде за нив.
13
Еве уште каква мудрост видов на земјата, и таа ми се причини голема:
14
мал град и во него малку луѓе; дојде против него голем цар, го опколи и почна околу него да издига големи опсадни направи;
15
но во него се најде човек сиромав, но умен, и тој со својата мудрост го спаси тој град; и при сето тоа никој не се сети за тој сиромав.
16
И јас си реков: мудроста е подобра од силата, и при сето тоа што мудроста на сиромавиот се пренебрегнува, и зборовите негови не се слушаат.
17
Зборовите на мудрите, искажани спокојно, се ислушуваат подобро, отколку викањето на кнез меѓу глупаци.
18
Мудроста е подобра од воено оружје; но еден грешник расипува многу добри работи.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12