bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Ezra 3
Ezra 3
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 4 →
1
Кога настапи седмиот месец, и синовите Израелови веќе беа по градовите, народот се собра заедно во Ерусалим.
2
Тогаш Јешуа, синот на Јоседек, и неговите браќа по свештенство, и Зоровавел, синот на Салатиил, и браќата негови, започнаа да Му градат на Бог Израелов жртвеник за да принесуваат на него сепаленици, како што е запишано во законот на Мојсеј, човекот Божји.
3
Го поставија жртвеникот врз основите негови, бидејќи се плашеа од соседните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господ, наутро и навечер.
4
И го празнуваа празникот Сеници, како што беше заповедано, а принесуваа и секојдневни жртви сепаленици во определен број како што беше определено за секој ден.
5
Потоа редовно принесуваа сепаленици и во новомесечијата, и во сите празници, посветени на Господ, како и доброволни приноси на Господ од секој, кој сакаше.
6
А од првиот ден на седмиот месец почнаа да Му принесуваат сепаленици на Господ. Но на Господовиот храм уште не му беа поставени темелите.
7
И почнаа да даваат пари на каменоделци и дрводелци, и јадење и пиење и масло на Сидонци и Тирци за да донесат кедрово дрво од Ливан по морето во Јафа, со дозвола од Кир, персискиот цар.
8
На втората година по доаѓањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот на Салатиил, и Јешуа, синот на Јоседек, и другите нивни браќа, свештениците и левитите, и сите што беа дошле од пленство во Ерусалим, започнаа со работа и поставија левити од дваесет години и нагоре за да ја надгледуваат работата околу домот Господов.
9
И Јешуа, синовите негови и браќата негови, Кадмиел и синовите негови — потомци Јудини — станаа како еден човек и ги надгледуваа работниците кај домот Господов, а исто така и синовите на Хенадад, левитите, нивните синови и нивните браќа.
10
Кога ѕидарите ги положија основите на храмот Господов, поставија свештеници, со одеждите нивни и со труби, и левити — синови Асафови — со кимвали, за да Го слават Господа по уставот на Давид, царот Израелов.
11
И почнаа да Го фалат и слават Господа, пеејќи: „Зашто е благ, зашто милоста Негова кон Израел е довека.“ И сиот народ воскликнуваше громогласно, славејќи Го Господа поради тоа што беа поставени темелите на Господовиот дом.
12
Меѓутоа, мнозина од свештениците и левитите и старешините на родовите, старци, кои го беа виделе поранешниот храм, додека се градеше новиот храм пред очите нивни, плачеа гласно, а мнозина и подвикуваа силно од радост.
13
И народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот, зашто народот викаше силно и гласот негов се слушаше на далеку.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10