bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Ezra 8
Ezra 8
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 9 →
1
Еве ги старешините на домовите и родословијата на оние, кои со мене тргнаа на пат од Вавилон, во времето на царувањето на царот Артаксеркс:
2
од потомците на Финес — Гершом; од потомците на Итамар — Даниел; од потомците на Давид — Хатуш;
3
еден од синовите на Шеканија; од потомците на Парош — Захарија, со кого беа запишани сто и педесет мажи.
4
Од потомците на Пахат-Моав — Елјехоенај, син на Зерахија, и со него двесте мажи.
5
Од потомците на Зату — Шеканија, син на Јахазиел, и со него триста мажи.
6
Од потомците на Адин — Евед, син на Јонатан, и со него педесет мажи.
7
Од потомците на Елам — Исаија, синот на Готолија, и со него седумдесет мажи.
8
Од потомците на Сафатија — Зевадија, синот на Михаил, и со него осумдесет мажи.
9
Од потомците на Јоав — Авдија, синот на Јехиил, и со него двесте и осумдесет мажи.
10
Од потомците на Бани — Шеломит, синот на Јосифија, и со него сто и шеесет мажи.
11
Од потомците на Бевај — Захарија, синот на Бевај, и со него дваесет и осум мажи.
12
Од потомците на Азгад — Јоханан, син на Хакатан, и со него сто и десет мажи.
13
Од потомците на Адоникам, кои тргнаа подоцна, ова се нивните имиња: Елифелет, Јеиел, и Шемаја, и со нив шеесет мажи.
14
Од потомците на Бигвај — Утај и Захур, и со нив седумдесет мажи.
15
Ги собрав кај реката, која тече низ Ахава, и таму престојувавме три дена, и, откако го прегледав народот и свештениците, открив дека нема ниеден од потомците на Левиј.
16
Тогаш испратив да го повикаат Елиезер, Ариил, Шемаја, Елнатан, Јарив, Елнатан, Натан, Захарија и Мешулам — старешини, и Јојарив и Елнатан — познавачи на законот;
17
и им дадов порака за Идо, началникот на местото Касифија, и ги поучив како да му зборуваат на Идо и на неговите соработници, храмови прислужници од Касифија за да ни доведат служители за домот на нашиот Бог.
18
И бидејќи благодатната рака на нашиот Бог беше над нас, тие ни доведоа еден разумен човек, од потомците на Махлиј, син Левиев, син Израелов, Шеревија со синовите негови и браќата негови — осумнаесет души;
19
и Хашавија и со него Исаија од потомците Мерариеви, неговите браќа и нивните синови — дваесет;
20
и од слугите на храмот што ги определија Давид и неговите началници за прислуга на левитите, двесте и дваесет прислужници; сите тие беа спомнати по име.
21
Тогаш објавив таму пост при реката во Ахава за да се смириме пред лицето на нашиот Бог и да измолиме од Него успешен пат за себе, за децата свои и за целиот имот,
22
бидејќи ми беше срам да барам од царот војска и коњаници да нѐ чуваат од непријателите по патот, зашто ние, кога зборувавме со царот, рековме: „Раката на нашиот Бог е благодатна за сите, а силата Негова и Неговиот гнев стои над сите што Го оставаат!“
23
И така, ние постевме и Го молевме нашиот Бог за тоа, и Тој нѐ послуша.
24
Тогаш одвоив дванаесетмина од главните свештеници: Шеревија и Хашавија, и со нив уште десетмина;
25
и им го предадов со мера среброто и златото и садовите, — сѐ што беше жртвувано за домот на нашиот Бог, она што го жртвуваа царот, советниците негови, кнезовите негови и Израелци, што беа таму.
26
И им предадов во рацете нивни со мерка: сребро — шестотини и педесет кикари, и сребрени садови — за сто кикари, злато — сто кикари,
27
златни чаши — дваесет, кои чинеа илјада даријки, и два сада од најдобар, блескав бакар, ценет како злато.
28
И им реков: „Вие сте Му свети на Господ, и садовите се свети, и среброто и златото — доброволен прилог на Господ, Бог на вашите предци.
29
Бидете будни и чувајте го тоа, додека да го предадете со мерка на началниците над свештениците, левитите и старешините Израелови во Ерусалим, во одаите на домот Господов.“
30
Свештениците и левитите го примија измереното сребро, злато и садови за да ги однесат во Ерусалим, во домот на нашиот Бог.
31
Тогаш тргнавме од реката во Ахава на дванаесеттиот ден од првиот месец за да одиме во Ерусалим; и раката на нашиот Бог беше над нас и нѐ чуваше од непријателска рака и од оние што ни правеа заседи по патот.
32
И стигнавме во Ерусалим, каде што престојувавме три дни.
33
На четвртиот ден го предадовме со мера среброто, златото и садовите во домот на нашиот Бог во рацете на свештеникот Меремот, синот Уриев, на Елеазар, синот на Финес, со кои беа левитите Јозавад, синот на Јешуа, и Ноадија, синот на Бинуј.
34
Сѐ беше изброено и измерено, а тежината на сѐ што беше измерено, беше забележана во истиот момент.
35
Дојдените преселеници од пленство Му принесоа на Бог Израелов дванаесет телиња за сиот Израел, деведесет и шест овни и — седумдесет и седум јагниња како сепаленици и дванаесет јарци како жртва за грев: сето тоа за сепаленици на Господ.
36
И ги предадоа царските заповеди на царските сатрапи и на задречните управители, и тие го почитуваа народот и домот Божји.
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10