bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Ezra 5
Ezra 5
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 6 →
1
Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, синот на Идо, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Ерусалим во името на Бог Израелов.
2
Тогаш Зоровавел, синот на Салатиил, и Јешуа, синот на Јоседек, почнаа да го градат Божјиот дом во Ерусалим, и со нив Божјите пророци, кои ги поддржуваа.
3
Во тоа време дојдоа кај нив Татенај, управител од оваа страна на Реката, и Ситар-Бознај, со своите соработници, и им рекоа вака: „Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидишта?“
4
Потоа ги прашаа: „Кои се имињата на луѓето што ја градат таа зграда?“
5
Но окото на нивниот Бог беше врз старешините јудејски, и тие не им се заканија, додека работата не отиде до Дариј, и додека не дојде писмено решение за таа работа.
6
Еве ја содржината на писмото што го испратија Татенај, управител на областа зад Реката, и Ситар-Бознај со своите соработници — Афарсехајци, од онаа страна на Реката, до царот Дариј.
7
Во соопштението што го испратија до него, еве што беше напишано: „До царот Дариј — секаков мир!
8
Да знаеш, царе, дека ние бевме во ерусалимската област во домот на великиот Бог; го градат со големи камења, а во ѕидиштата ставаат дрва; таа работа напредува брзо и успешно во рацете нивни.
9
Тогаш ги прашавме нивните старешини и им рековме вака: ‚Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидови?‘
10
Освен тоа, ги прашавме и за имињата нивни за да ти јавиме и да ти го напишеме името на главниот меѓу нив.
11
Тие ни одговорија со овие зборови: ‚Ние сме слуги на Бога на небото и на земјата и градиме дом што беше изграден многу години пред тоа, — а великиот цар Израелов го градеше и го доврши.
12
А кога татковците наши Го разгневија Бога небесен, Тој ги предаде во раката на Навуходоносор, царот вавилонски, Халдеец; тој го разруши овој дом и го пресели народот во Вавилон.
13
Но во првата година од владеењето на Кир, царот на Вавилон, Кир дозволи да се изгради овој дом Божји;
14
уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги беше земал од ерусалимскиот храм, па ги беше однел во вавилонскиот храм, — цар Кир ги изнесе од вавилонскиот храм и ги даде со број на Сасавасар, управникот на ризницата,
15
и му рече: — земи ги тие садови, и однеси ги во ерусалимскиот храм, и Божјиот дом нека се гради на своето место.
16
Тогаш оној Сасавасар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим; оттогаш па досега се гради и уште не е завршен.‘
17
И така, ако му е угодно на царот, нека побара во домот во царските архиви, таму во Вавилон, дали навистина цар Кир дозволил да се гради овој дом Божји во Ерусалим, и нека испратат одговор за волјата на царот околу тоа.“
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10