bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Jeremiah 10
Jeremiah 10
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 11 →
1
Слушајте го словото, кое Господ ви го кажува, доме Израелов!
2
Вака вели Господ: не одете по патот на незнабошците и не плашете се од небесните знаци, од кои се плашат незнабошците.
3
Бидејќи обичаите на тие народи се суетни: отсекуваат дрво во гората, го изделкуваат човечки раце,
4
го украсуваат со сребро и злато, го прицврстуваат со клинови и со чекан за да не се ниша.
5
Нивните богови се како плашила во градина и не говорат; нив ги носат, зашто не можат да одат. Не плашете се од нив, зашто тие не можат да направат зло, но и добро не можат да направат.
6
Нема сличен на Тебе, Господи! Ти си велик и името Твое е велико и моќно!
7
Кој не ќе се плаши од Тебе, Царе над народите, зашто само Тебе Ти припаѓа тоа; бидејќи меѓу сите мудреци кај народите и во сите царства нема сличен на Тебе.
8
Сите тие до еден се неразумни и глупави; суетно е од дрво да учиш!
9
Сребро ковано во листови се носи од Тарсис, злато од Уфаз, тие се дело на мајстор и на леар; облеклото нивно е од порфир и кадифе; сето тоа е дело на вешти луѓе.
10
А Господ е вистински Бог. Тој е жив Бог и вечен Цар. Од Неговиот гнев трепери земјата, и народите не можат да го издржат Неговиот гнев.
11
Така речете им: боговите, кои не се створители на небото и на земјата, ќе исчезнат од земјата и од под небесата.
12
Тој ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата.
13
Од гласот Негов шумат водите небески, и Тој ги крева облаците од краиштата земни, создава молскавици среде дожд и изведува ветар од Неговото пребивалиште.
14
Човекот е безумен во своето знаење, ќе се засрами секој леар со идолот свој, бидејќи она што го излеал е лага, и во него нема дух.
15
Тие се ништожни, дела на заблуда; во времето на посетата нивна тие ќе пропаднат.
16
Делот на Јаков не е како нивниот; бидејќи неговиот Бог е создател на сѐ, а Израел е народ на неговото наследство; името Му е Господ Саваот.
17
Прибери си го имотот свој од земјата, кој седи во опсада.
18
Зашто вака вели Господ: еве, овој пат ќе ги исфрлам жителите од оваа земја и ќе ги одведам во тесно место, за да ги фатат.
19
Тешко мене во маката моја; лута е раната моја, но јас си велам — „Навистина тоа е мојата казна и морам да ја поднесувам;
20
шаторот ми е опустошен и сите мои врвци се скинати; децата мои ме оставија и ги нема: нема веќе кој да го распне шаторот мој и да ги постави завесите мои;
21
бидејќи пастирите станаа безумни и не Го бараат Господа, па затоа и немаат напредок, така што целото стадо им се распрсна.“
22
Ете, се слуша глас и голема врева од северната страна за да ги направи градовите на Јудеја пустина, живеалиште на чакали.
23
Знам, Господи дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди да ги исправа стапките свои.
24
Казни ме Господи, но со мерка, не во гневот Свој, за да не ме сотреш.
25
Излеј ја јароста Своја врз народите кои не Те познаваат, и врз племињата, што не го призовуваат името Твое; зашто тие го изедоа Јаков, го проголтаа и го истребија и живеалиштето му го опустошија.
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52